Апхазија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аҧсны
აფხაზეთი
Апхазија
Flag of the Republic of Abkhazia.svg Coat of arms of Abkhazia.svg
Карта на Апхазија.
Официјални јазици апхаски, руски (според уставот на Грузија, апхаски и грузиски)
главен град Сухуми (Сухум)
Координати 43°1′0″N 41° 2′0″E
Претседател¹ Сергеј Багапш
Премиер¹ Александар Анкваб
¹ Раководство на самопрогласената република Апхазија
Председател на
Врховен Совет
²
Темур Мжавија
Претседател на совет на министри² Ираклиј Аласанија
² Раководители на државните признати грузиски органи
Независност
 - Прогласена
 - Призната
од Грузија
 23 јули 1992
 од Русија и Никарагва
Површина
 - Общо
 - % водн. пов.

 8600 км²
 незначителна
Население
 - Вкупно 2000 г.
 - Густина

 250 000
 29/kм²
Валута рубља
Временска зона UTC +3

Апхазија (апхаски: Аҧсны/Aпсни, грузиски:Aпхазети) е де факто независна република во состав на Грузија. Независноста на Апхазија е призната од Венецуела, Русија, Никарагва и Науру. Во контекст на тоа не се признаваат за легитимни никакви органи на власта и држаните дејствија на областа. Големиот дел од населението има руско државјанство. Главен град на Апхазија е Сухуми.

Географија[уреди | уреди извор]

Карта на Грузија со Јужна Осетија и Апхазија.

Апхазија зазема површина од околу 8600 km². Расположена е во северозападната страна на Грузија. Има излез на Црно море. На северозапад се граничи со Краснодарскиот крај, а Кавкаските планини служат како граница помеѓу Апхазија и Карачаево-Черкесија. На исток областа се граничи со Сванетија, а на југоисток — со Самегрело.

Рељефот на Апхазија е претежно ридско-планински (75%). Поголемиот дел од населението живее по или во крајбрежјето и во долините со големи водни текови. Климата е блага и во советско време Апхазија ја нарекуваа „грузинска ривиера“. Кавкаските планини служат за преграда пред студените северни ветрови. Климата по крајбрежјето е суптропска, а средната годишна температура во Апхазија е околу 15 °C. Средните јануарски температури се 4-6 °C, а средните јулски варират меѓу 22 и 23 °C. Силниот мраз ретко се сретнува во зимата по Црноморието.

Реоните со надморска висина над 1000 m имаат планински клима, во која зимите се многу студени, а летата се долги и топли. Со зголемувањето на надморската височина (над 2000 m) зимата е уште постудена, а летото — пократко.

Економија[уреди | уреди извор]

Платежно средство во областа е руската рубља. Во Апхазија се произведува чај, тутун, вино и плодови.

Демографија[уреди | уреди извор]

Населението на Апхазија се состои од околу 525 061 жители. Од нив 44% се Грузијци и само 17% се Апхазијци. 16% се определуваат како Руси, 15% се Ерменци. Останатите се Украинци и други народи.

Верници во Абхазија
Православни
  
60 %
Муслимани
  
16 %
Абхазиска Мајчина Религија
  
8 %
Други
  
8 %
Нерегиозани
  
8 %



Култура[уреди | уреди извор]

Апхазија издава свои поштенски марки.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]