Апојек (вулкан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на локација Никарагва со Апојек

Апојек е пирокластичен штит, кој се наоѓа во природниот резерват на полуостровот Чилтепе во Никарагва. Има калдера со ширина од 2,8 километри, длабока 400 метри, исполнета со езеро.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Полуостровот Чилтепе и калдерата Апојек, поглед од ISS.

Апојек е вулкански комплекс кој се формирал и го зафаќа полуостровот Чилтепе. Тој е дел од пирокластичниот штит вулкан Чилтепе, еден од трите штитови од игнибрит на вулканскиот фронт на Никарагва.[2]

Езерото во неговиот центар, езерото Апојек ( шпански: Laguna de Apoyeque, исто така наречено Laguna de Apoyaque,[3] ), неговиот брег е 100 метри под врвот на калдерата, но неговото дно достигнува до нивото на морето.

Апојек, како и целиот полуостров Чилтепе се дел од административниот регион Манагва, во непосредна близина на градот Манагва, главниот град на Никарагва.[4]

Веднаш југоисточно од врвот Апојеке се наоѓа езерскиот Џилоа (Jiloá) тоа е широк вулкански кратер со низок релјеф предизвикан од фреатомагматска ерупција (експлозија што се јавува кога подземните води ќе дојдат во контакт со топла лава или магма). Вулкански кратер карактеристично се полни со вода за да формира релативно плитко кратерско езеро широко 2,5 × 3 километри и е дел од комплексот Апојеке.

Вулканологија[уреди | уреди извор]

Во 2001 и 2007 година, забележана е мала сеизмичност и зголемена активност на фумароли во областа Апоек. Последен пат сеизмичката активност се случила на 6 септември 2012 година, тогаш биле забележани 17 потреси, блиску до градот Манагва со јачина од 2,3-3,7 степени на длабочина од 2,6-6,8 километри, објавил Никарагванскиот институт за територијални студии..Последната најголема ерупција на Апојеке, била околу 50 п.н.е. (+/- 100 години), тоа била една од најголемите експлозии познати во историјата и имала Индекс на вулканска експлозивност (VEI) од 6.[1]

Покрај куполата Чилтепе (вулканот Чилтепе), која се користи синоним за Апојек, комплексот Апојеке ја содржи и калдерата Џилоа (Лагуна де Џилоа[5] ака Ксилоа), куполата Мирафлорес и куполата Серо Талпетате.

Ерупцијата на Лагуна Ксилоа пред 6100 години произвела помпензни пирокластични текови кои ги прекриваат сличните наслаги со слична старост од Масаја.[6]

Апојеке е идентификуван како посебно опасен вулкан, поради неговата историја на одвоени големи ерупции за 2000 години, близината на Манагва и ризиците од генерирање на езерски цунами.[7]

Недалеку од Апојек, во областа на градот Акахуалинка, археолозите под слој од вулканска пемза го откриле најстарото човечко присуство во Средна Америка во периодот пред 6500-7500 години.

Вулканот и полуостровот се заштитени од државата како природен резерват.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Список на вулкани во Никарагва

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Report on Apoyeque (Nicaragua)“. Bulletin of the Global Volcanism Network. 34 (4). 2009. doi:10.5479/si.gvp.bgvn200904-344091. ISSN 1050-4818.
  2. „Apoyeque Volcano, Nicaragua in geographic.org“. Посетено на 2010-08-02..
  3. „Laguna de Apoyaque: Nicaragua, geographic.org“. Посетено на 2010-08-02..
  4. „Laguna de Apoyegue: Nicaragua, geographic.org“. Посетено на 2010-08-02..
  5. „Laguna de Jiloá: Nicaragua“. Посетено на 2010-08-02.
  6. „Глобална програма за вулканизам“. Смитсонова установа. (англиски)
  7. Freundt, A.; и др. (2006). „Volcanic hazards in Nicaragua: Past, present, and future“. Во Rose, W.I.; и др. (уред.). Volcanic Hazards in Central America (GSA Special Paper 412). Geological Society of America. стр. 141–165. ISBN 978-0-8137-2412-6.