Апостол Урбан
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Апостол Урбан или Урбан Македонски — еден од Седумдесетмината апостоли. Тој, заедно со апостол Стахиј, апостол Амплиј, апостол Наркис, апостол Апелиј и апостол Аристовул биле помошници на Апостол Андреј[1].
Од страна на апостол Андреј бил поставен за епископ на Македонија. Починал како маченик, а неговиот ден се празнува на 31 октомври.
Апостол Урбан е почитуван како светец од страна на Православната црква и Католичката црква.