Прејди на содржината

Апостол Грежов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Апостол Грежов
Роден 1861
Д’мбени, Османлиско Царство
Починал 15 февруари 1935(1935-02-15) (возр. 73–74)
Софија, Царство Бугарија

Апостол Грежов — македонски револуционер.

На сликата седнале Пандо Кљашев, Апостол Грежов и Стерјо Стерјовски

Апостол Грежов е роден во село Д’мбени, Костурско. Тој бил припадник на македонското револуционерно движење, војвода и раководител на Македонската револуционерна организација. Бил учител по професија и еден од првите агитатори на МРО во Костурско. Како војвода на чета на МРО учествувал во Илинденското востание. На Ќустендилскиот конгрес на МРО од 1908 година, тој бил избран за член на Задграничното претставништво на Централниот комитет. Починал во Софија на 15 февруари 1935 година.[1].

  1. Литовски, Александар; Јубилеен календар за егејскиот дел на Македонија во 2011 година, Битола, 2011, стр. 5.