Апостол Јаков Зеведеев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поврзано: Апостол Јаков
Јаков Зеведеев
Апостол
Роден(а) 1 век,
Умрел(а) 44 година, Јудеја, Ерусалим
Почитуван(а) во Христијанство
Главно светилиште Катедрала Сантијаго де Компостела, Шпанија
Слава 25 јули (Римокатоличка црква)
30 април (Православна црква)

Јаков Зеведеев, познат уште и како Стари (грчки: Ιάκωβος, латински: Iacobus) е еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос и е признат за христијански светец.

Апостол Јаков е роден во Палестина. Јаков заедно со својот татко и брат биле рибари. Во Евангелието, браќата се нарекуваат Зеведееви по името на нивниот татко. Тој бил голем преврзаник на Исус Христос. Во Евангелието се вели дека Јаков бил еден од тројцата апостоли на кој Исус Христос им ги откривал најголемите тајни. За него се вели дека целиот живот не јадел ниту маст ниту зејтин, туку дека живеел само на леб и вода и дека бил девственик до крајот на животот. Господ го вбројал во Своите Седумдесетмина апостоли.Според преданието, тој и во Мисир одел заедно со Дева Марија и со Јосиф кога Ирод барал да се убие новородениот Цар. По воскресението, Исус Христос нему му се јавил посебно, како што сведочи Свети апостол Павле (1 Кор. 15). Со указ на Господ ја составил првата литургија, којашто за подоцните христијани беше премногу долга, па затоа Свети Василиј Велики и Свети Јован Златоуст ја скратиле и преработиле.

Свети Јаков проповедал по најразлични држави, се до Шпанија. По враќањето од Шпанија, се состанувал со многубројни евреи со кој дискутирал на различни теми од реклигијата, па затоа евреите неможејќи да му одолеат го најмиле магионочарот Хермоген. Но и самиот Хермоген, па и неговиот ученик Филип, кога го слушнале како проповеа, се покрстиле и преминале во христијанската вера.

Тогаш евреите го обвиниле пред Ирод и го наговориле Јосиј да го изклевети апостолот пред царот. Кога Јаков бил осуден на смрт, и самиот Косиј бил исто така осуден на смрт. Одејќи кон бубилиштето, Јосиј му се молел на Јаков да му прости за клеветата. Јаков го прегрнал и му рекол: “Мир во тебе, нека е простено“.

Јаков бил убиен во 44 година во Ерусалим. Неговото тело било пренесено во Сантијаго де Компостела во Шпанија, каде на неговиот гроб до ден денеска се случуваат различни чудни работи. Во 11 век, Сантијаго де Компостела станал еден од најзначајните места во христијанство|христијанството, по Светата земја. Во негова чест, престолнината на Чиле се нарекува Сантијаго.

Негов брат е Апостол Свети Јован. Неговиот живот е опишан во евангелието на Матеј и Марко. Тој е единствеиот апостол чијашто смрт е опишана во Новиот Завет. Католичката црквата неговото име го слави на 25 јули, а православната црква на 30 април.