Ерусалимски собор

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Апостолски собор)
Ерусалимски собор
Јаков Праведниот, претпоставениот претседавач на соборот
Датум~  48 – 50
Прифатен однајвеќето христијански вероисповеди
Следен собор
претвселенски собори и Првиот вселенски собор (Никеја)
Претседавачнеукажано, но веројатно Јаков Праведниот, а можеби и Симон Петар
Темиспор за обрежувањето и Мојсеевиот закон
Документи и изјави
извадоци од Новиот завет (Дела на светите апостоли, а можеби и Послание до Галатјаните)
Времеследен список на собори

Ерусалимски собор или Апостолски собор — црковен собор кој се одржал во градот Ерусалим, во периодот околу 50 година. На овој собор се собрале Дванаесетте апостоли, заедно со Павле од Тарс и неговите истомисленици. Соборот е опишан во Глава 15 од книгата „Дела на светите апостоли“ во Новиот завет, и се верува дека се одржал некаде од 48 до 50 г.

На овој собор биле донесени многу важни решенија за новата хртистијанска религија. Било решено дека Крштевањето е доволно за примање на христијанството, на новите верници им било порачано дека не мораат да се држат само по законите на Мојсеј, вклучувајќи ги и правилата во врска со обрежување на мажите. Податоци околу овој собор и неговите одлуки се наоѓаат во Делата апостолски, како и во посланието на Павле кон Галатјаните.

Поврзано[уреди | уреди извор]