Прејди на содржината

Апостериори

Од Википедија — слободната енциклопедија

Апостериори[1] (латински: A posteriori - за „она што доаѓа потоа“; априори за „она што доаѓа претходно“) — атрибут што се користи за заклучување или прифаќање став (или мислење ) врз основа на претпоставка што е искусена и емпириски потврдена.

Филозофија

[уреди | уреди извор]

Во филозофијата, апостериори е поим за знаење или сознание што зависи од искуството или сетилните искуства.

Математика

[уреди | уреди извор]

Во статистиката, апостериорното знаење се однесува на знаење за статистичка врска по одредено мерење или слично. Пред фрлање коцка, априори распределбата е 1/6 помеѓу различните случаи. По фрлање коцка, апостериорната распределба е 0 за сите случаи освен за случајот што коцката штотуку го покажа, чија веројатност е 1. Ако некое лице не може да го види резултатот од прикажувањето на коцката, туку знае само дека резултатот е поголем од 3, тогаш ова лице би имало апостериорно знаење дека 1, 2 и 3 имаат веројатност 0, додека за другите случаи 4, 5 и 6, веројатноста е 1/3 за секој од случаите.

Изразот апостериори се користи и во правото.

Поврзано

[уреди | уреди извор]