Аполо 13 (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Аполо 13“
РежисерРон Хауард
ПродуцентБрајан Грејзер
СценаристКнига:
Џим Ловел
Џефри Клугер
Сценарио:
Вилијам Бројлс
Ал Рејнерт
НастапуваатТом Хенкс
Кевин Бејкон
Бил Паксотн
Гери Синис
Ед Харис
МузикаЏејмс Хорнер
КинематографијаДин Канди
МонтажаДаниел П. Хенли
Мајк Хил
ДистрибутерUniversal Pictures
Imagine Entertainment
Премиера30 јуни 1995
Времетраење140 мин.
IMAX: 116 мин.
ДржаваСАД
Јазиканглиски
Буџет52 мил. долари[1]
Бруто заработка355.237.933 долари[2]

Аполо 13 (англиски: Apollo 13) е американски филм од 1995 година, кој ја раскажува приказната за несреќната судбина на лунарната мисија Аполо 13 од 1970 година. Сценариото е напишано од Вилијам Бројлес Џр. и Ал Рејнерт и претставува адаптација на книгата „Изгубената месечина“ на Џим Ловел и Џефри Клугер. Режисер на филмот е Рон Хауард, а главните улоги ги толкуваат: Том Хенкс, Кевин Бејкон, Бил Пакстон и Ед Харис.

Податотека:Apollo thirteen movie.jpg
Постерот на филмот

Синопсис[уреди | уреди извор]

Филмот започнува со флешбек од пожарот на „Аполо 1“, придружен со раскажување на Волтер Кронкајт. Како што завршува неговиот монолог, филмот се префрла на 20 јули 1969 година. Астронаутот-ветеран Џим Ловел (го игра Том Хенкс) оди дома на забава по повод слетувањето на „Аполо 11“ на Месечината. Откако ги гледа историските први чекори на Нил Армстронг, опиениот Ловел ѝ кажува на жена си Мерилин (Кејтлин Квинлан) дека и тој има желба да стапне на Месечината.

Неколку месеци подоцна, Џим, кој очекува да лета на „Аполо 14“, води ВИП тура низ просториите на НАСА додека се склопува големата ракета „Сатурн V“ за мисијата на „Аполо 13“. Додека конгресмените од ВИП-турата прашуваат дали има можност за други слетувања на месечината, имајќи предвид дека Советите заостануваат, Џим добива известување дека тој и неговиот екипаж се унапредени во прв екипаж за „Аполо 13“. Откако го известува своето семејство за новата задача, Ловел и неговиот екипаж, Фред Хајс (го игра Бил Пакстон), Џек Свигерт (го игра Бејкон) и Кен Метингли (го игра Гери Синис) започнуваат да тренираат за мисијата „Аполо 13“ наместо за „Аполо 14“. Како што се приближува датата на лансирање, стравот на Мерилин за четвртата мисија на нејзиниот маж се манифестира преку нејзиното противење да оди на лансирањето. Меѓутоа, уште за време на летот кон Месечината, на вселенскиот брод се случува хаварија поради која животот на космонаутите е доведен во прашање. Сепак, со несебично залагање на многу научници и техничари од НАСА, екипажот на „Аполо 13“ успева да најде доволно електрична енергија за да слетаат на Земјата.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]