Аполон Гилевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Аполон Гилевски е македонски поет, раскажувач, есеист и критичар[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Аполон Гилевски е роден во Скопје на 12 март 1969 година[1]. Завршил Филолошки факултет во Скопје[1]. Постдипломски студии завршил на истиот факултет. Работи како новинар. Член на ДПМ од 1995 година[1]. Автор е на книгите: Излегување од рајот (поезија, 1992), Зборот нож (поезија, 1995), Ружата на предметите (поезија, 1999)[1]. Добитник е на наградата на „Студентски збор“[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-03-26.