Прејди на содржината

Апидија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Апидија
Απιδιές
Поглед на местото на некогашното село
Поглед на местото на некогашното село
Апидија is located in Грција
Апидија
Апидија
Местоположба во областа
Апидија во рамките на Визалтија (општина)
Апидија
Местоположба на Апидија во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°58′N 23°26′E / 40.967°N 23.433°E / 40.967; 23.433
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаВизалтија
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Апидија (грчки: Απιδιές, Апидиес) — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во Серско Поле, на десната страна на Струма, непосредно северно од селото Мерјан, на надморска височина од 10 м.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Апидија било мешано грчко-ромско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Апидија (Apidia) имало 21 домаќинство со 14 жители муслимани и 38 жители Роми и Черкези.[2]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Апидија:

Апидија: чифлик, 1 црква, жителите се Грци; на растојание од 2 часа од Нигрита.[3]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Апидија, село 4 часа југоисточно од Сер. Тука има х. Ахмет-ага чифлик. Почвата е доста плодна. Грчка црква. 50 грчки и 9 ромски куќи.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Апидија имало 400 жители, од кои 350 Грци и 50 Роми.[5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Апида Черкез (Apida Tcherkez) имало 75 Грци и 180 Роми.[6]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи настрадало за време на војните, Апидија не се спомнува во пописот од 1913 г., а во 1920 г. броело само 40 жители. Подоцна селото се распаднало и не било обновено.[1]

  1. 1 2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 231.
  2. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 122–123. ISBN 954-8187-21-3.
  3. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 59.
  4. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 844.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.
  6. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.