Прејди на содржината

Апендектомија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Апендектомија

Апендектомија е хируршка процедура во која се отстранува апендиксот (дел од слепото црево). Апендектомијата обично се изведува како ургентна или итна процедура во третманот на комплициран акутен апендицитис[1]

Апендектонијата може да се изведе лапароскопски (како минимално инвазивна операција) или како отворена операција.[2] Во текот на 2010-те, хируршката практика се повеќе се придвижува кон рутински избор на лапароскопска апендектомија; така на пр. во Обединетото Кралство над 95% од апендектомиите кај возрасни се изведуваат лапароскопски.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Првите документирани операции датираат од 18 век. Најпозната е онаа на Клаудиус Амијанд во 1735 година во Лондон, кај момче со перфориран апендикс во ингвинална хернија. Во 19 век, Региналд Фиц во 1886 година го вовел терминот „апендицитис“ и ја дефинирал болеста како посебна состојба што бара хируршко лекување. Чарлс МекБерни ја стандардизирал оперативната техника и ја опишал карактеристичната точка на болка.

Популарноста на апендектомијата значително пораснала во 1902 година, кога Фредерик Тревес ја извршил операцијата кај кралот Едвард VII.

Во 1980 година, Курт Зем ја извршил првата лапароскопска апендектомија, која денес претставува златен стандард во многу земји поради помалата инвазивност и побрзото закрепнување.

  1. Backbourne, Lorne (2009). Surgical Recall. Wolters Kluwer. стр. 198–203.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ":0".
  3. RIFT Study Group on behalf of the West Midlands Research Collaborative (3 December 2019). „Evaluation of appendicitis risk prediction models in adults with suspected appendicitis“. British Journal of Surgery (англиски). 107 (1): 73–86. doi:10.1002/bjs.11440. ISSN 1365-2168. PMC 6972511. PMID 31797357.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Класификација
П · Р · П
Надворешни извори