Бесконечноаголник

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Апеирогон)
Правилен бесконечноаголник
Рабови и темиња
Шлефлиев симбол{∞}
Коксетер–Динкинови дијаграми
Внатрешен агол180°

Бесконечноаголник или апеирогондегенериран многуаголник со бесконечен број на страни. Тоа е граничен облик на низа од многуаголници со сè повеќе и повеќе страни.

Слично на многуаголникот, тој е низа од страни (рабови) и агли. Правилниот многуаголник нема крај затоа што е затворен. Бесконечноаголникот исто така нема крај, бидејќи никогаш не може да се направи бесконечен број чекори за да се стигне до крајот во која било насока. Има и затворени бесконечноаголници.

Правилен бесконечноаголник[уреди | уреди извор]

Кај правилниот бесконечноаголник сите страни се со еднаква должина и сите агли со еднаква големина. Ова е слично на обичен многуаголник. Шлефлиевиот симбол е {∞}. Коскетер-Динкиновиот дијаграм е . Групата на симетрија е бесконечна диедарска група .

Кога аглите се еднакви на 180°, бесконечноаголникот личи на права линија.

......

Правата линија може да се замисли како кружница со бескрајно голем полупречник.

Наклонети облици[уреди | уреди извор]

Правилен бесконечноаголник како винт на рамностран триаголник, нацртан во перспектива.

Долго време се сметало дека постојат само правилни примери на бесконечноаголнци. Но, математичарот Бранко Грунбаум (роден 1929 година) открил уште две.

Кога аглите се менуваат, бесконечноаголникот наликува на цик-цак шема.

...Податотека:Regular apeirogon zig-zag.svg...

Ако секој агол се помести надвор од рамнината на претходниот агол, бесконечноаголникот би наликувал на тридимензионална хеликс. Таквите многуаголници се нарекуваат просторни. Цртежот од десната страна е тридимензионален приказ на таков наклонет бесконечноаголник.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Apeirogon v Glossary for Hyperspace (англиски)