Апат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сондерс
Познат и како Appat
Географија
МестоБафинов Залив, Гренланд
Површина103 км2[1]
Должина15 км
Ширина7 км
Највисоко издигнување391 м
Управување
Гренланд
ОпштинаКасуитсуп
Демографија
Населениененаселен


Остров Сондерс (англиски: Saunders Island, дански: Saunders Ø) или Остров Апат (гренландски: Appat) е остров во заливот Норт Стар во Бафиновиот Залив во општината Касуитсуп во Гренланд. Овој остров своето меѓународно име го добило по британскиот морепловец Џејмс Сондерс.

Географија[уреди | уреди извор]

Островот се наоѓа во блзина јужниот брег на устието на фјордот Волстенхолме, северно од островот Волстенхолме. Островот е карпест и воедно е најголем остров во заливот. Островт е рамен со стрмни страни.[2] Највисока точка на островот е 391 м.[3] Овој остров е одделен од копното со мореузот Бајлот.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Под команда на Џејмс Сондерс во 1849 бродот „Норт Стар“ запловил кон Северниот Пол. Експедицијата тргнала да ја пронајде експедицијата на Џејм Кларк Рос, која пак во 1848 година била на пат да ја пронајде експедицијата на Џејмс Франклин.[5]

По неуспехот да ги пронајде експедициите, мисијата била прекината и имало одлука да се врати во Лондон пред зимата. Сепак, бродот на Џејмс Сондерс бил заглавен во мразот во Мелвиловиот Залив, во севрозападниот дел на Гренланд. Така, зимата во 1849-1850, Сондерс именувал неколку релјефни формации во областа.[6]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поглед кон заливот Норт Стар и Воздухопловната база Туле, а во позадина островот Сондерс.
Поглед кон островот со мореузот Бајлот на лево и островот Волстенхолме во позадина.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. UNEP
  2. Clements R. Markham, William Alexander, Life of Admiral Sir Leopold McClintock, p. 90
  3. 1:1,000,000 scale Operational Navigation Chart, Sheet B-8, 3rd edition
  4. Eriksson, Mats (April 2002). "On Weapons Plutonium in the Arctic Environment (Thule, Greenland)". Lund University.  (консултирано на 2009-03-23)
  5. Icy Imprisonment: The 1849 Voyage of the HMS North Star
  6. The Nautical Magazine and Naval Chronicle, Simpkin, Marshall & Co. London 1850, p. 588

Надворешни врски[уреди | уреди извор]