Анѓелко Ѓорчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Анѓелко Ѓорчев
Анѓелко Ѓорчев.jpg
Роден 19 септември 1948(1948-09-19)
Трстеник, Светиниколско
Починал 7 април 2021(2021-04-07) (возр. 72)
Ниш, Србија
Занимање лекар

Анѓелко Ѓорчев (19 септември 1948 - 7 април 2021) — македонски лекар, интернист-пулмоалерголог, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, вработен на Клиниката за пулмологија и алергологија при Медицинскиот факултет во Скопје, каде што го раководи Центарот за астма. Бил татко на пратеникот Влатко Ѓорчев.

Роден е во Трстеник, Светиниколско. Медицинскиот факултет го завршил во 1972 година во Скопје. Истражува во подрачјето на бронхијалната астма. Соопштил и отпечатил над 300 апстракти и трудови во земјата и во странство. Член е на повеќе медицински здруженија и стручни академии. Објавил три книги[1]:

  • Астхма бронцхиале – енигма и предизвик, Скопје, 1991;
  • Македонски национален план и програма за дијагноза и терапија на бронхијалната астма – реалност или визија, Скопје, 1996; * * Македонски национален консензус за дијагноза и лекување на астма и хронична опструктивна белодробна болест, Кочани, 1999

Ѓорчев починал на Клиниката во Ниш на 4 април 2021 г. откако десет дена претходно примил вакцина против КОВИД-19 во истиот град, и од неа му се слошило.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, ed. (2009). "Ѓорчев". Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. стр. 505. 
  2. „Почина пулмологот Анѓелко Ѓорчев“. Нова Македонија. 7 април 2021.