Антропологија (книга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Антропологија и сто други раскази (англиски: Anthropology and a hundred other stories) е збирка куси раскази од британскиот писател Ден Роудс (Dan Rhodes). Збирката е објавена во 2005 година од издавачката куќа „Темплум“. Преводот од англиски јазик е направен од Владимир Јанковски.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Збирката „Антропологија и сто други раскази“ е објавена како 27 книга на библиотеката „Магма“. Книгата е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 110 страници. Каталогизацијата е извршена во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи ознаката ISBN 9989-902-53-4. Графичкото уредување и дизајнот на книгата е дело на фирмата „Точка“, а на предната корица е ставена слика на Тифани Тарт (Tiphanie Tart). На задната корица се наоѓа мал осврт врз делото.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката „Антропологија и сто други раскази“ содржи 101 кус расказ, а на крајот на книгата се наоѓа белешка за авторот. Оваа збрика е прво дело на Роудс и таа претставува еден вид прозен експеримент, бидејќи секој расказ содржи 101 збор. Во расказите, со употреба на многу хумор, најчесто се опишуваат необични ликови и необични ситуации. Во збирката се поместени следниве раскази: Антропологија, Бакнеж, Бакнување, Бебе, Бесконечно, Билтен, Боја, Борба, Бродолом, Верен, Видео, Виолини, Врисоци, Вулкан, Гола, Добро, Дух, Етикетирана, Забава, Загуба, Заедништво, Заминување, Зборови, Звуци, Змии, Игри, Искрена, Искреност, Историја, Истражување, Јајца, Јас, Јоргован, Калап, Кармин, Кенгур, Клуб, Лезбејка, Лице, Мадрид, Мармалад, Музеј, Наплаќање, Невиност, Нож, Нормално, Обична, Отвореност, Очекувано, Палка, Паметен, Пари, Парчиња, Патување, Патокази, Пепел, Пиење, Пилот, Пипкање, Пловење, Плоча, Пневмонија, Прав, Преврзување, Пријатели, Приколка, Природа, Проба, Проблем, Продавачка, Пруст, План, Плачење, Поддршка, Рамнодушност, Реално, Себе, Сеќавања, Скапоценост, Слепец, Смеење, Специјален, Спиење, Справување, Стакло, Ствари, Суши, Таксидермија, Треперења, Тикви, Трактор, Трик, Убавина, Фуџи, Хемиклија, Хобија, Цвеќиња, Цртеж, Црти, Шнауцер, Штедење.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ден Роудс, Антропологија и сто други раскази, Темплум, Скопје, 2005.
  2. Ден Роудс, Антропологија и сто други раскази, Темплум, Скопје, 2005.