Прејди на содржината

Антон Карачанаков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бугарија Антон Карачанаков
Лични податоци
Роден на 17 јануари 1992(1992-01-17)(32 г.)
Роден во Ново Делчево, Бугарија
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб ЦСКА Софија ЦСКА Софија
Број 71
Младинска кариера
Пирин Благоевград Пирин Благоевград
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010–2011 Пирин Благоевград Пирин Благоевград 15 (4)
2011- ЦСКА Софија ЦСКА Софија 52 (13)
Репрезентација
2011- Бугарија Бугарија 21 5 (3)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Антон Карачанаков (роден на 17 јануари 1992, во Ново Делчево) — бугарски фудбалер, играч од средниот ред на ЦСКА Софија.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Пирин (Благоевград)

[уреди | уреди извор]

Карачанаков започнал да тренира фудбал во родното село Ново Делчево. На 14 години е донесен во школата на Пирин Благоевград, каде прв тренер му бил Илко Христов.[1] Во јануари 2011 година започнува со тренинзи со првиот тим на Пирин, каде е повикан од тогашниот тренер на популарните „орли“, Костадин Ангелов.

Карачанаков дебитира официјално во „А“ група на 26 февруари 2011 година, на домашен терен против Черно море. Пирин загубил со 0:1, а Карачанаков се појавува 5 минути пред крајот на местото на Руслан Иванов.[2] На 12 март започнува за први пат востартниот тим и го постигнува својот деби гол во кариерата. Карачанаков го открива резултатот носејќи му водство на својот тим против Литекс, но подоцна „орлите“ дозволија пресврт и загубија со 1:2.

ЦСКА Софија

[уреди | уреди извор]

На 18 јуни Карачанаков се преселил во редовите на ЦСКА Софија со слободен трансфер. Тој го постигна својот прв гол со екипата на ЦСКА во мечот против Локомотив Софија на 22 март 2012, а 3 дена подоцна реализира и против Локомотив Пловдив. На 28 март тој го постигна единствениот погодок во победата над Берое со 1-0, со кој прави серија од три гола во три едноподруго натпревари. По завршувањето на овој натпревар легендата на популарните "червени" Димитар Пенев го одбележува неговиот талент, и му укажува на клубот дека треба да се потруди да го задржи во својте редови во следните сезони. Тој ја завршува дебитантската сезона во клубот со 4 гола и 2 асистенции во 13 средби.

На 31 август 2012 тој си ја открива голгетерската сметка за новиата сезона со 2 гола и асистенција при победата со 4:1 над Мињор (Перник), а исто така беше и избран за играч на мечот.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Неговиот прв гол за Фудбалската репрезентација на Бугарија под 21 година го постигнал на 29 февруари, 2012, тогаш тој го постигнал единствениот гол на натпреварот против Фудбалската репрезентација на Полска под 21 година[3].

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]