Антон Великов
Антон Великов, псведоним: Алекси Беломорски (13 мај 1913 во Боржоза — 5 мај 1975 во Софија) — македонски револуционер, новинар, публицист, член на Македонскиот литературен кружок и член на ВМРО (Обединета).[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]
Активно се вклучил во работата на организациите на македонската емиграција во Бугарија меѓу двете светски војни и во годините потоа.[2] Како член на ВМРО (Обединета) учествува во печатењето на нејзините легални и нелегални изданија.[1] Средбите со Вапцаров му дале силен творечки поттик, па и тој станал дел од Македонскиот литературен кружок во период од 1938 до 1941 година. Пред нив настапувал со реферати и свои творби.[1][3]
Се вклучил во работничкото движење и бил обвинет за илегално печатење на весникот „Младешка искра“.[3] Бил ѝ потпретседател на МЛК „Никола Вапцаров“ (1945 – 1948 година) и на МЛК на студентите од Пиринска Македонија (1950–1951 година).[2] По Војната е редовен соработник во органот на Македонскиот национален комитет „Македонско знаме“ (1945–1946).[3]
Работел како новинар во весникот „Труд“, од 1948 година па сè до неговото пензионирање во 1958 година.[2] Објавил свои раскази со македонска историска тематика во разни зборници, алманаси, весници и списанија, а издал и пет публицистички книги. Посмртно е објавен неговиот најзначаен труд „Страници од мојата биографија“ (Скопје, 1997 година).[1][3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 Киселиновски, д-р Стојан; и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 98. ISBN 9989-624-46-1.
- 1 2 3 4 „ВЕЛИКОВ, Антон - Македонска Енциклопедија“. 2021-10-23. Архивирано од изворникот на 2021-11-19. Посетено на 2021-11-19.
- 1 2 3 4 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 56. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=му недостасува|last=(help)
Литература
[уреди | уреди извор]- Васил Тоциновски, „Тројца кружочници Ѓорѓи Абаџиев, Асен Шурдов-Ведров, Антон Великов-Беломорски“, Скопје, 1997, 152-253;
- Васил Тоциновски, „Кружочникот Антон Великов-Беломорски“, зборник: „Македонското научно-литературно другарство и неговиот континуитет до основањето на Македонската академија на науките и уметностите. Прилози од научниот собир…”, МАНУ, 1997;
- Васил Тоциновски, „Возбуда по зборот“, ИМЛ, Скопје, 2000, 230-254. Блаже Ристевски
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Антон Попов и Паскал Паскалевски Архивирано на 19 ноември 2021 г., Васил Тоциновски
- Едностоен стремеж кон слободна Македонија, Блаже Ристевски
- СТРАНИЦИ ОД МОЈАТА БИОГРАФИЈА