Антонио Фернандес

Од Википедија — слободната енциклопедија

Антонио Фернандес (1917 - 2016) бил шпански менаџер.

Животопис[уреди | уреди извор]

Антонио Фернандес се родил во 1917 година, во шпанското село Серзалес дел Кондадо, во семејство со 13 деца. На четиринаесетгодишна возраст го напуштил училиштето, бидејќи семејството било сиромашно и не можело да го финансира неговото образование. Подоцна се оженил со Цинија Гонсалес Диез и на возраст до 32 години се преселил во Мексико, каде се вработил во фирмата на нејзиниот вујко „Групо Мордело“ која го произведува пивотоКорона“. Таму постепено напредувал во хиерархијата и во 1971 година станал главен извршен директор. Благодарение на него, „Корона“ станала најпознато пиво во Мексико и постигнала голем успех во светот. За неговата хуманитарна работа Фернандес бил одликуван од шпанскиот крал Хуан Карлос. Фернандес починал во август 2016 година, а во својот тестамент оставил 200 милиони евра за жителите на своето родно село. Притоа, на секој жител му припаднале над 2,3 милиони евра, а остатокот од парите биле наменети за изградба на културен центар во селото.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Сите жители преку ноќ станале милионери“, Дневник, година XX, број 6225, сабота-недела, 26-27 ноември 2016, стр. 24.