Антологија на бразилскиот расказ (книга)
„Антологија на бразилскиот расказ“ — збирка раскази на бразилски писатели, објавена од издавачката куќа „Три“ во 2012 година.
Содржина
[уреди | уреди извор]Книгата се состои од вовед, 15 раскази, кратки био-библиографии на авторите и белешка за преведувачот. Притоа, во антологијата се застапени следниве раскази:[1]
- Жорже Амадо, „Умирачката и смртта на Кинкас Рикачот за вода“
- Жоао Гимараеш Роза, „Двобој“
- Жозуе Монтело, „На Бадник“
- Кларис Лиспектор, „Семејни врски“
- Лижија Фагундес Телес, „Семинар за глувци“
- Карлос Ејтор Кони, „Дневна заповед“
- Антонио Каладо, „Срдечниот човек“
- Далтон Тревизан, „Клиника за одмор“
- Далтон Тревизан, „Една сцеќа за дарио“
- Мачадо де Асис, „Полноќна миса“
- Алфонсо Енрикес де Лима Барето, „Нума и нимфата“
- Рибејро Коуто, „Првата љубов на Антонио Марија“
- Марио де Андраде, „Облечена во црно“
- Грасилијано Рамос, „Балеја“
- Алфонсо Енрикес Де Лима Барето, „Нова Калифорнија“
Технички податоци
[уреди | уреди извор]Книгата, со обем од 20 сантиметри, има 294 страници. Нејзиното оздавање било финансиски поддржано од Министерството за култура на Македонија, а таа била испечатена во печатницата „Графотрејд“. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-230-099-3. Преводот на расказите од португалски јазик го направила Ванѓа Чашуле, лектурата ја извршила Васка Чоневска, а технички уредник бил Славко Јовановски.[1]