Антоан де ла Сал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Антоан де ла Сал
Роден/а1385
Прованса, Франција
Починат/а1461
Франција
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин

Антоан де ла Сал (француски: Antoine de la Sale, роден во 1385 - починал во 1461) — француски писател.

Le Petit Jehan de Saintré

Биографија[уреди | уреди извор]

Антоан де ла Сал е роден во 1385 година во Франција. Тој бил паж кај Луј II Анжу, кралот на Сицилија и на неговиот наследник Луј III. Во дипломатските работи, тој ја посетил Италија, Белгија и Англиија. Еден период бил задолжен за воспитување на синовите Рене I и Луј. Последните години од својот живот ги поминал повлечено, во пишување, инспириран од големиот број на патувања и посети на најразлични владетелски дворови.

Најпознато негово дело е романот Малиот Жан од Сантра, кој го напишал во 1456 година, а за прв пат било објавено во 1517 година. Во романот се раскажува за еден млад паж. Неговата љубов кон една дама од високото друштво, која љубов му била возвратена, го воздигнала до највисокиот степен на управување, за да на крајот неговата сакана жена му го заврти грбот и замине со богат калугер. Првиот дел од романот е исполнет во куртоазен дух и е опишан отмениот живот на средновековните владетели, а вториот дел претставува сатира на неморал на таа класа, како и на свештенството.

Дела[уреди | уреди извор]

  • La Salade (1440-1444)
  • La Salle (1451)
  • Le Petit Jehan de Saintré (1456)
  • Reconfort a Madame de Neufville (1458)
  • Des anciens tournois et faictz d'armes (1459)
  • Journee l'Onneur et de Prouesse (1459)
  • Cent Nouvelles nouvelles (1461/2?)