Антоан Жирар де Сент Аман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Антоан Жирар де Сент Аман
Роден/а30 септември 1594
Руан, Франција
Починат/а29 декември 1661
Париз, Франција
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин

Антоан Жирар де Сент Аман (француски: Antoine Girard de Saint-Amant, роден на 30 септември 1594 во Руан - починал на 29 декември 1661 во Париз) — француски поет и член на Француската академија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Антоан Жирар де Сент Аман има остварено многу големи дела во поезијата. Антоан Жирар де Сент Аман е роден на 30 септември 1594 во Руан, Франција, во имотно протестантско семејство. Тој често патувал во Европа. Во 1618 година заминал во Париз, каде се спријателил со тогаш најпознатите париски либертини. Во 1631 година за кратко живеел во Лондон, а потоа и во Рим. Служел на француската морнарица.

Иако бил доста начитан и образовен човек, тој не го познавал грчкиот и латинскиот јазик, но се служел со англискиот и италијанскиот. Во времето кога престојувал во Фиренца, го запознал и познатиот научник Галилео Галилеј. Во 1634 година бил член на Француската академија. Во 1648 година, за време на востанието против централната власт заминал во Шведска и Полска. Подоцна се вратил во Париз, каде починал.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Les Œuvres, 1628.
  • Les Œuvres et Suitte des Œuvres, 1632.
  • Les Œuvres, Deuxième Partie', 1643.
  • Les Œuvres, Troisième Partie, 1649.
  • Moyse sauvé, Idylle héroïque, 1653.
  • Dernier Recueil de diverses poësies, 1658.
  • Œuvres complètes, éd. Ch.-L. Livet, 1855,
  • Œuvres, 1967-1971, .

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikisource
Викиизвор има оригинални дела од или за:
  • Oeuvres, edited by Jean Lagny, 4 volumes (1967–71). The standard critical edition.
  • Robert T. Corum, Other Worlds and Other Seas (1979). Close formal analysis.
  • Edwin M. Duval, Poesis and Poetic Tradition in the Early Works of Saint-Amant (1981). Intertextual synthesis.
  • David Lee Rubin, "Le Mauvais Logement", Chapter 2 of The Knot of Artifice (1981).