Антипортер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Споредба на белковините кои учествуваат во активниот пренос

Антипортер е котранспортер и интегрална мембранска белковина кој е вклучен во секундарниот активен пренос на две или повеќе различни молекули или јони низ плазма мембраната во спротивни насоки.

Во секундарниот активен пренос, едната молекула или јон се движи во насока на електрохемискиот градиент, со што ѝ овозможува на другата молекула или јон да се движи спротивно од нејзиниот електрохемиски градиент. Ова е спротивно од примарниот активен пренос, каде сите молекули или јони се движат спротивно од концентрациските градиенти, при што се користи енергија од ATP.