Прејди на содржината

Антипатар Идумеецот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Антипатар Идумеецот
ПретходникХиркан II
НаследникИрод Велики
Роден(а)113 г. пр. н. е.
Идумеја
Починал(а)43 г. пр. н. е.
Жена
  • Кипрос
ДецаФазаил
Ирод
Салома
Јосиф
Ферор
ДинастијаИродовци
Вероисповедјудаизам

Антипатар Идумеецот (хебрејски: אנטיפטרוס האדומי) — Идумеец, татко на Ирод I Велики, намесник на Јудеја, основач на династијата Иродовци.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Тој бил син на Антипа, или Антипатар, кого Александар Јанеј, цар на Јудеја, го поставил за стратег на Идумеја и Газа. Влегувајќи во милоста на Помпеј, Антипатар станал старател на царот првосвештеник Хиркан II и фактички владетел на еврејскиот народ покорен од Римјаните.

Антипатар ја зацврстил својата положба кога, за време на борбата помеѓу Помпеј и Цезар, се приклучил на страната на победникот. Тој ја презел целосната контрола врз престолот и, иако ја носел само титулата на намесник (епитроп) на цела Јудеја, дадена од Цезар, всушност станал нејзин владетел.

Антипатар бил оженет за набатејската принцеза Кипрос, со која имал пет деца: Фазаил, Ирод, Јосиф, Ферор и Салома.[1]

Со согласност на царот Хиркан, Антипатар го поставил својот постар син Фазаил за владетел на Ерусалим, а помладиот Ирод за гувернер на Галилеја.

Антипатар бил отруен во 43 г. пр. н. е. од Малих, кој се надевал да го заземе неговото место, но самиот бил убиен по заповед на Ирод.

  1. Јудејски древности кн. 14, гл. 7:3

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]