Антагонизам

Од Википедија — слободната енциклопедија

Антагонизам се зема како синоним за спротивност и најтешка форма на општествени противречности. Општествените науки ја познаваат поделбата на спротивностите на антагонистички (непомирливи) и неантагонистички. Поимот спротивставеност има важна улога во психолошките теоретски системи, особено во психоанализата, во која антагонизмот помеѓу свесниот и несвесниот дел на личноста има важна улога во теоретските објаснувања на однесувањата. Односот помеѓу свесното и несвесното во човекот не е паралелен или неутрален, туку непосредно антагонистички.