Анри Барбис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Анри Барбис
Henri-Barbusse.jpg
Анри Барбис во Москва во 1933 година.
Роден/а мај 17, 1873(1873-05-17)
Аниер-сир-Сен, Франција
Починат/а август 30, 1935(1935-08-30) (воз. 62 г.)
Москва, Советски Сојуз
Занимање писател
Националност французин
Период 1916-1935
Предмет Прва светска војна
комунизам
Значајни дела Огнот (1916)

Анри Барбис (француски: Henri Barbusse, роден на 17 мај 1873 во Аниер-сир-Сен[1] - починал на 30 август 1935 во Москва) — француски писател, романописец и новинар, член на Француската комунистичка партија. Тој бил долгогодишен пријател на Алберт Ајнштајн[2].

Станал познат со својот антивоен роман „Огнот“ („Le Feu“), издаден во 1916 година. Во основата на писателот стојат неговите преживувања за време на Првата светска војна. Книгата ја изразува растечката омраза кон милитаризмот. За овој роман, тој ја има освоено наградата „Гонкур“.

Подоцнежните негови дела како „Manifeste aux Intellectuels“ покажуваат јасно наведена револуционерна позиција. Есента 1925 година тој учествувал во основањето на „Комитет за заштита на жртвите од фашизмот и белиот терор во балканските држави“. Покрај него во комитетот влегле луѓе како истакнатиот француски општественик Жан Вилар и белгиската општественичка Поле Лами. Добивајќи ја општата поддршка на прогресивната европска јавност, комитетот ја посетил Бугарија, Романија и Југославија и покрај жестокото спротивставување на полицијата во тие земји. По враќањето, членовите развивиле активна јавна активност во заштита на настраданите од белите терор.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Time Magazine, Monday, 9 September 1935
  2. Einstein on Politics, Princeton University Press, 2007

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Wikisource-logo.svg
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: