Анмари Шварценбах

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Анмари Шварценбах
Роден(а)23 мај 1908
Бокен, Швајцарија
Починал(а)15 ноември 1942(1942-11-15) (воз. 34 г.)
Занимањеписател, новинар, фотограф, патник

Анмари Шварценбах (23 мај 1908 - 15 ноември 1942) била швајцарски писател, новинар, фотограф и патник.

Студирала во Цирих и Париз, и го заработила својот докторат по историја на Универзитетот во Цирих, на возраст од 23. Таа почнала да работи како новинарка додека сеуште била студент. Кратко време по завршувањето на студиите таа го објавила својот прв роман Freunde um Bernhard (Кругот на Бернхард), кој бил добро примен.

Нејзината андрогина убавина ги фасцинирала и привлекувала и мажите и жените.[1]

Животниот стил на Анмари завршил со нацистичкото преземање во 1933 година, кога боемски Берлин исчезна. Тензиите со семејство се зголемиле, бидејќи некои членови сочувствувале со екстремно десничарската Швајцарска фронта, која фаворизирала поблиски врски со нацистичка Германија. Нејзините родители побарале од Анмари да се откаже од нејзиното пријателство со Мановите и да помогне во обновувањето на Германија под Хитлер. Наместо тоа, таа им помогна на Мановите со финансирањето на антифашистичкиот литературен преглед, Die Sammlung.[2] Притисокот која таа го чувствувала доведе да се обидуве да изврши самоубиство, што предизвикало скандал меѓу нејзиното семејство и нивниот конзервативен круг во Швајцарија.

Во 1937 и 1938 нејзините фотографии го документирале подемот на фашизмот во Европа, таа била посветен антифашист. Во јуни 1939 година, во обид да избега од насилството во Европа, таа тргна на посета на Авганистан со етнологот Ела Мејларт.

Се смета дека имала афери со ќерката на турскиот амбасадор во Техеран и женски археолог во Туркменистан.[3] По посетата на Авганистан отпатувала во САД, каде што се состана повторно со нејзините пријатели Мановите. Со нив таа работеше со комитет за помош на бегалците од Европа.

На 7 септември 1942 година во Енгадин таа паднала од својот велосипед и сериозно ја повредила главата, и по погрешна дијагноза во клиниката каде што била третирана, починала на 15 ноември.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Alexis Schwarzenbach (15 May 2008). "Dieses bittere Jungsein". Die Zeit (German). конс. 10 August 2008. 
  2. Naumann, Uwe (1984) (на German). Klaus Mann. Rowohlt. стр. 64. ISBN 3-499-50332-8. 
  3. "Annemarie Schwarzenbach: A Life". Swiss Institute of Contemporary Art. 2002. конс. 17 August 2007.