Ени Маало

Координати: 40°55′N 22°56′E / 40.917° СГШ; 22.933° ИГД / 40.917; 22.933
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ани Махле)
Ени Маало
Παρόχθιο
Ени Маало is located in Грција
Ени Маало
Ени Маало
Местоположба во областа
Ени Маало во рамките на Кукуш (општина)
Ени Маало
Местоположба на Ени Маало во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 40°55′N 22°56′E / 40.917° СГШ; 22.933° ИГД / 40.917; 22.933
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&1000000000000007800000078 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно121
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Ени Маало (грчки: Λειψύδριο, Липсидрио, до 1927 Γενή Μαχαλέ, Јени Махале)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 11 километри југоисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 78 метри.

Ени Маало опфаќа површина од 40 квадратни километри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Ени Маало имало 40 жители муслимани[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 169 жители, додека во 1920 година 47 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[3]. Во 1926 година, селото било преименувано во Липсидрио.[5]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 143 жители бегалци.[6], додека во 1940 година селото броело 312 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 231 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 197 жители, во 1971 година имало 109 жители, во 1981 година имало 128 жители, додека во 1991 година имало 84 жители[7]. Денеска, населението на селото е 121 жител според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 312 231 197 109 128 84 121
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Λειψύδριο
  3. 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 83.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168.
  5. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-07.