Анита Гарибалди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Анита Гарибалди во 1839
Анита Гарибалди во 1840-тите

Ана Марија де Хесус Рибеиро ди Гарибалди, позната како Анита Гарибалди (30 август 1821 - 4 август 1849) била Бразилски револуционер и сопруга на Џузепе Гарибалди. Нивното партнерство било олицетворение на духот на романтизмот и револуционерното движење на 19-иот век.

Анита го научи Џузепе за Гаучо културата на рамнините во јужниот дел на Бразил, Уругвај и северна Аргентина. Еден од пријателите на Џузепе ја опишал Анита како "амалгам од два елементарни сили... сила и храброст, и шарм и нежност, манифестирани со смелоста и силата со која таа го замавувала мечот и убавото лице и нејзините прекрасни очи."

Во битката кај Куриртибанос, Анита беше заробена од страна на ривалските групи. Во заробеништвото стражарите и кажале на Анита дека Џузепе починал, на што Анита беше многу вознемирена. Анита праша дали може да го побара меѓу загинатите во битката, но не го пронашла. Ова ѝ даде надеж, и по некое време се качи на коњ и избегала. Војниците тргнале по неа со цел да ја вратат, жива или мртва, тие пукале во неа и го убиле нејзиниот коњ. Војниците помислиле дека таа нема да преживее и ја оставиле. Анита помина 4 дена без храна и вода во шумата, се додека не пронашла група на луѓе кои ѝ понудиле храна. Конечно стапила во контакт со бунтовниците и се вратила во Вакарија. Неколку месеци подоцна нејзиното прво дете беше родено, Меноти (1840-1903), кој бил роден со деформитети на черепот поради ударот кој Анита го доби кога паднала од својот коњ бегајќи од бразилскиот камп.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • "Anita Garibaldi" website hosted by Universidade do Estado de Santa Catarina - UDESC, Florianópolis, Brazil (http://www.udesc.br/variedades/artes/anita).
  • Anita Garibaldi: Guerrillera en América del Sur, Heroína de la Unidad Italiana, by Julio A. Sierra (2003).
  • Anita Garibaldi: A Biography, by Anthony Valerio (2000).
  • Anita Garibaldi: Uma Heroína Brasileira, by Paulo Markun (1999).
  • Anita, Anita: Garibaldi of the New World, a novel by Dorothy Bryant (1993).
  • Garibaldi e Anita: Corsari, by Lucio Lami (1991).
  • L'Amazzone Rossa, by Giuseppe Marasco (1982).
  • Aninha do Bentão, by Walter Zumblick (1980).
  • I am my beloved: The Life of Anita Garibaldi, by Lisa Sergio (1969).
  • Anita Garibaldi, by Giuseppe Bandi (1889).
  • Autobiography, by Giuseppe Garibaldi, trans. A Werner (1971, 1889).
  • The Memoirs of Garibaldi, by Giuseppe Garibaldi and Alexandre Dumas (1931, 1861)
  • Anita Garibaldi - vita e morte (life and death), by Isidoro Giuliani and Antonio Fogli. Ed. Marcabò (2001)