Ане Лашкоска
Изглед
Непроверена
Ане Лашкоска (родена на 24.2.1978 година во Прилеп) – инженер по хемија и член на ВМРО - ДПМНЕ. Дипломирала на Природно-математички факултет.
Активности во Собранието:
[уреди | уреди извор]- Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член
- Комисија за култура, член
- Комисија за еднакви можности на жените и мажите, заменик-член
- Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на Република Малта и Република Кипар, член
Заменик министер за животна средина и просторно планирање
[уреди | уреди извор]Со формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска е назначена за заменик министер во министерството за животна средина и просторно планирање.