Анете Имхаузен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Од лево кон десно: Анете Имхаузен, Џејмс Ритер и Пол В. Варнер, на МФО, 2017

Анете Имхаузен (германски: Annette Imhausen; исто така позната и како Анете Ворнер, р. 12 јуни 1970) — германска историчарка по математика, позната по нејзината работа на античката египетска математика. Таа е професор на кластерот за нормативни редови на извонредност на Гете, Франкфуртски универзитет.[1]

Образование и кариера[уреди | уреди извор]

Имхаузен студирала хемија на Јоханес Гутенберг, универзитетот во Мајнц, положувајќи го државниот испит во 1996 година. Докторирала по историјата на математиката во Мајнц, во 2002 година, под заеднички надзор на Дејвид Е. Роуви и Џејмс Ритер.[2]

Откако предавала коптски јазик во Мајнц во 1998 година, таа работела како инструктор на Кембричкиот универзитет од 2003 до 2006 година. Се враќа во Мајнц, како асистент професор од 2006 до 2008 година и станува професор во Франкфурт во 2009 година.[1]

Придонеси[уреди | уреди извор]

Имхаузен е претставена во телевизиската серија Би-би-си, Приказна за математиката.[3]

Нејзина дисертација, Ägyptische Algorithmen. Eine Untersuchung zu den mittelägyptischen mathematischen Aufgabentexten, била издадена од издавачката куќа Харасовиц во 2002 година (Ägyptologische Abhandlungen, том 65).[1][4] Таа е, исто така, автор на Математиката во Античкиот Египет: Контекстуална Историја (печатено од Принстоншкиот универзитет, 2016 година).[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Warner (Imhausen), Annette, Prof. Dr.“, Normative Orders (Goethe University Frankfurt), конс. 2018-11-05 
  2. Анете Имхаузен at the Mathematics Genealogy Project
  3. Анете Имхаузен на IMDb logo.svg Семрежната филмска база на податоци (англиски)
  4. Reviews of Ägyptische Algorithmen. Eine Untersuchung zu den mittelägyptischen mathematischen Aufgabentexten:
    • Depuydt, Leo (October–December 2003), Journal of the American Oriental Society 123 (4): 877–880, doi:10.2307/3589985 
    • Gundlach, K.-B. (2004), Mathematical Reviews, MR 1979173 
    • Robson, Eleanor (2004), „Review“ (PDF), Aestimatio: Critical Reviews in the History of Science 1 (1): 73–79 
    • Brack-Bernsen, Lis (May 2004), Historia Mathematica 31 (2): 228–230, doi:10.1016/j.hm.2003.08.005 
    • Quack, Joachim Friedrich (2005), Die Welt des Orients 35: 202–204, JSTOR 25684007 
  5. Reviews of Mathematics in Ancient Egypt: A Contextual History: