Андрос Таунсенд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Андрос Таунсенд
Andros Townsend 16-07-2016 2.jpg
Лични податоци
Полно име Андрос Дерил Таунсенд[1]
Роден на 16 јули 1991 (1991-07-16) (30 г.)[2]
Роден во Лејтонстоун, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001810000001,81 м[3]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Евертон Евертон
Број 14
Младинска кариера
Тотенхем Тотенхем
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009-2016 Тотенхем Тотенхем 50 (3)
2009Јовил Таун Јовил Таун 10 (1)
2009Лејтон Ориент Лејтон Ориент 22 (2)
2010МК Донс МК Донс 9 (2)
2010Ипсвич Таун Ипсвич Таун 13 (1)
2011Вотфорд Вотфорд 13 (1)
2011Милвол Милвол 11 (2)
2012Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед 6 (1)
2012Бирмингем Сити Бирмингем Сити 6 (1)
2013КПР КПР 12 (2)
2016 Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 13 (4)
2016-2021 Кристал Палас Кристал Палас 168 (13)
2021- Евертон Евертон 7 (3)
Репрезентација
2006-2007 Англија Англија 16 3 (0)
2007-2008 Англија Англија 17 6 (2)
2009-2010 Англија Англија 19 6 (0)
2012-2013 Англија Англија 21 3 (0)
2013-2016 Англија Англија 13 (3)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 26 јули 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Андрос Таунсенд (роден на 16 јули 1991 во Лејтонстоун) е англиски фудбалер, крило на Евертон.

Биографија[уреди | уреди извор]

Таунсенд е роден во Лејтонстоун, Голем Лондон. Тој е син на Трој Таунсенд, раководител на организацијата Kick It Out.[4][5] Андрос има јамајканско по таткова и кипарско-грчко потекло по мајчина страна.[6] Тој израснал во Чингфорд и е доживотен навивач на Тотенхем. Кога имал 10 години, неговиот полубрат Куртис загинал во сообраќајна несреќа, на 18-годишна возраст.[7]

Во едно интервју во декември 2019 година, Таунсенд рекол дека има големи проблеми со коцкање, и дека компулсивно се обложувал онлајн на фудбал. Тој загубил 46.000 фунти на еден облог во 2012 година, ноќта пред натпреварот од плејофот за промоција на неговиот Бирмингем Сити. Откако бил фатен поради кршење на правилата на ФА против обложување, тој отишол на советување.[8]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Тотенхем[уреди | уреди извор]

Почетоци и заемот во Јовил Таун[уреди | уреди извор]

Таунсенд се приклучил на академијата на Тотенхем на возраст од осум години.[9] Во март 2009 година, тој заминал на позајмица во Јовил Таун,[10] правејќи го своето деби како професионалец во фудбалската лига против Милтон Кинс Донс излегувајќи на теренот заедно со соиграчот од академијата на Спарс Џонатан Обика.[11] Тој забележал десет настапи и постигнал еден гол за Јеовил помагајќи му на клубот да избегне испаѓање.[12]

Заемите во Лејтон Ориент, Милтон Кинс Донс и Ипсвич Таун[уреди | уреди извор]

Таунсенд влегол во сениорскиот тим на Тотенхем под менаџерот Хари Реднап. Во август 2009 година, тој бил пратен на едномесечна позајмица во клубот од Лига Еден Лејтон Ориент, која подоцна на крајот на месецот била продолжена до крајот на декември, по што тој се вратил во Тотенхем.[13][14] Во 26 настапи за Ориент, Таунсенд постигнал два гола,[15] вклучително и „одличен гол“ во ремито 3–3 против Јовил, поминувајќи покрај тројца противнички играчи со продор којшто започнал уште од половината која припаѓала на неговата екипа.[16]

Откако сè уште не дебитирал за Тотенхем, на 14 јануари 2010 година, Таунсенд повторно бил испратен на заем во клуб од Лига Еден, овојпат во Милтон Кинс Донс до крајот на сезоната, иако бил отповикан назад по само два месеци поради повреди.[17] Во девет натпревари за Донс тој постигнал два гола.[15] Сезоната заврши без Таунсенд да може да дебитира за Тотенхем.[15]

На 12 август 2010 година, Таунсенд потпишал уште еден договор на сезонска позајмица, искачувајќи се овојпат едно скалило по горе во нивото на англискиот фудбал, откако му се приклучил на Ипсвич Таун, членот на Чемпионшип.[18] Сепак, оваа зделка била прекината предвреме на 20 декември, бидејќи Реднап верувал дека таму Таунсенд не играл доволно редовно.[19] Тој забележал 16 настапи, и погодил еднаш.[20]

Дебито за Тотенхем и нови заеми[уреди | уреди извор]

Таунсенд со Вотофрд во 2011

На 9 јануари 2011 година, Таунсенд го направил своето деби за првиот тим на Тотенхем во третото коло на ФА Купот на Вајт Харт Лејн против Чарлтон Атлетик; тој го постигнал првиот гол[21] и бил избран за Играч на натпреварот. Ова се покажал како неговиот единствен настап за Тотенхем во остатокот од сезоната, во која тој одработил уште две позајмици.[20] Тој му се приклучи на клубот од Чемпионшип, Вотфорд, на 20 јануари 2011 година на позајмица до крајот на сезоната. Сепак заемот во овој клуб бил прекинат предвреме, на 23 февруари, при што Таунсенд имал само три настапи за стршлените.[22][23]

На 7 март, Таунсенд повторно отишол на позајмица во клуб од Чемпионшип до крајот на сезоната, овојпат во Милвол.[24] Во април, тој изјавил дека би бил среќен да остане во клубот и по завршувањето на неговата позајмица.[25] Во 11 настапи за Милвол, тој постигнал два гола.[20]

Во првата половина од сезоната 2011–12, Таунсенд играл редовно за Тотенхем во натпреварите од Лигата на Европа, со шест настапи во натпреварувањето.[26] Тој го постигнал својот втор гол за Спарс во нивниот последен натпревар во натпреварувањето, против Шамрок Роверс на 15 декември 2011 година, со удар со многу ефе надвор од шеснаесетникот.[27] На 23 декември, тој потпишал продолжување на договорот со Тотенхем до крајот на сезоната 2015-2016.[28]

Со само уште еден настап за Тотенхем, во Лига купот,[26] на 1 јануари 2012 година, Таунсенд му се приклучил на Лидс Јунајтед во Чемпионшип, на позајмица до крајот на сезоната.[29] Сепак, после само седум настапи - вклучувајќи го и оној што го опишал како „деби од соништата“[30] - и еден гол за Лидс,[26][31] неговата позајмица во клубот била прекината и тој се префрлил во друг клуб од истата лига, Бирмингем Сити, откако неговиот агент тврдел дека Таунсенд не е задоволен во клубот од Западен Јоркшир.[32] За Бирмингем, тој забележал петнаесет првенствени настапи и еден настап во реваншот од полуфиналето на плејофот за промоција против Блекпул, во кој неговиот клуб бил елиминиран.

Дебито во Премиер лигата за Тотенхем, заемот во КПР и последните сезони во дресот на Спарс[уреди | уреди извор]

Таунсенд останал во Тотенхем во првата половина од сезоната 2012–2013, откако клубот добил нов менаџер, Андре Вилаш-Боаш, кој го заменил Реднап во текот на летото. Тој го направил своето деби во Премиер лигата влегувајќи како доцна замена на 16 септември.[33] Иако се појавил уште четири пати во Премиер лигата, сите негови настапи биле влегувања од клупата како доцна замена.[34] Надвор од лигата тој имал уште пет настапи, по еднаш во Лига купот и ФА купот, и трипати во Лига Европа.[34] Тој го постигнал својот трет гол за Тотенхем со прекрасен удар со левата нога надвор од шеснаесеттникот во победата од 3–0 против Карлајл Јунајтед во третото коло од Лига купот.[35]

На 31 јануари 2013 година, Таунсенд се соединил со неговиот поранешен менаџер Реднап во Квинс Парк Ренџерс, приклучувајќи му се на клубот на позајмица до крајот на сезоната. Неговата мисија била да му помогне на лонодонскиот клуб да избегне испаѓање од Премиер лигата, откако за време на неговото доаѓање тие веќе биле закотвени на дното со само две победи во првите 24 натпревари. Тој забележал дванаесет настапи за Квинс Парк Ренџерс, постигнувајќи притоа и два гола. Првиот гол го постигнал со удар од волеј надвор од шеснаесетникот во победата со 3-1 на домашен терен против Сандерленд,[36] а потоа се запишал во листата на стрелците и во поразот на гости со 3–2 од Астон Вила.[37] КПР на крајот испаднал од Премиер лигата завршувајќи на последното место, а Таунсенд се вратил во својот матичен клуб.

По враќањето во Тотенхем, Таунсенд конечно добил повеќе шанса за игра во дресот на Спарс за време на сезоната 2013–2014, во која настапил вкупно во 33 натпревари, вклучувајќи 25 настапи во Премиер лигата.[38] Тој постигнал два гола, во победата од 5–0 на гостувањето кај Динамо Тбилиси во Лига Европа, додека неговиот прв во Премиер лигата го постигнал во победата од 2–0 на гостувањето кај Астон Вила на 20 октомври 2013 година.[39][40] Во средината на сезоната, Таунсенд се нашол под раководството на трет тренер за време на неговиот престој во Тотенхем, откако Вилаш-Боаш бил заменет со Тим Шервуд.

Таунсенд заедно со соиграчот Кристијан Ериксен прават жив ѕид за Тотенхем во дербито против градскиот ривал Челси во 2015

Договорот на Шервуд бил раскинат на крајот на сезоната, па Таунсенд и соиграчите сезоната 2014–2015 ја започнале со новиот менаџер Маурисио Почетино. Тој одиграл вкупно 35 натпревари, постигнувајќи 5 гола, но само 17 од нив биле во првенството, бидејќи не можел да го задржи своето место во почетниот тим во втората половина од сезоната.[41][42] На 1 март 2015, на Вембли тој го започнал за Тотенхем финалето на Лига купот на Англија кое неговиот клуб го загубил на крајот со 2–0 од Челси.[43]

На 4 ноември 2015 година, откако не започнал во ниту еден првенствен натпревар од сезоната 2015–2016, Таунсенд бил исфрлен од тимот по расправија со фитнес тренерот на клубот.[44] Тој подоцна се извинил, а менаџерот Почетино му дозволил да се врати во тимот од 17 ноември, изјавувајќи дека работата е завршена и тој е повторно достапен за избор.[45] Тој бил неискористена замена трипати по инцидентот, од кои последниот бил на 10 декември, но повеќе не настапил ниту еднаш за првиот тим за Тотенхем.[46]

Њукасл Јунајтед[уреди | уреди извор]

На 26 јануари 2016 година, откако сè уште не започнал во почетниот тим на Спарс ниту еден првенствен натпревар, Тотенхем договорил трансфер со Њукасл Јунајтед за продажба на Таунсенд, за сума од 12 милиони фунти.[47] Пред да се објават деталите од трансферот, Таунсенд веќе објавил порака за збогум на Твитер во која изјавил: „Штом дознав за интересот на Њукасл, тие беа единствениот клуб во кој сакав да се приклучам... Двете најдобри позиции на кои можете да играте во фудбалот се центарфор и лево крило во Њукасл. Јас ја имам таа шанса. Никогаш не би можел да го одбијам тоа. Едвај чекам да го одиграм мојот прв натпревар на Сент Џејмс Парк“.[48] Трансферот бил потврден следниот ден, а Таунсенд потпишал договор на пет и пол години, но клубот одбил да ја открие сумата која ја платил за играчот. По потпишувањето, неговиот нов менаџер, главниот тренер на Њукасл Стив Мекларен, за Таунсенд рекол дека тој е „крилен напаѓач со старомоден стил. Може да игра на десната или левата страна, подеднакво добро се служи со двете нозе, брз, многу директен и сака да ги напаѓа дефанзивците и да ја нафрла топката“.[49] Според Sky Sports, трансферот се преговарал една недела и Њукасл првично го сакал Таунсенд на позајмица, а потоа била одбиена и нивната понуда за трансфер од 10,5 милиони фунти.[46]

Таунсенд играјќи за Њукасл Јунајтед во 2016

И покрај тоа што неговото деби за Њукасл дошло во разочарувачки настап на клубот во поразот на гости од Евертон, во следниот натпревар, неговото домашно деби, тој добил овации по изведбата во која бил прогласен за „играч на натпреварот“ со која Њукасл се искачил надвор од зоната за испаѓање.[50][51] Неговиот прв гол за клубот го постигна во неговиот трет натпревар, со шут надвор од шеснаесеттникот, но тоа бил само почесен погодок за страчките во 90-тата минута во поразот со 5-1 на гостувањето кај Челси.[52] На 30 април 2016, Таунсенд го постигнал единствениот гол во натпреварот со кој Њукасл на домашен терен го совладал Кристал Палас со 1-0. И покрај позитивната полусезона на индивидуален план, во која Таунсенд на 13 настапи постигнал 4 гола, неговата екипа не успеала да го избегне испаѓањето во Чемпионшип на крајот од сезоната, што отворило многу прашања околу иднината на Таунсенд и многу други играчи на клубот.

Кристал Палас[уреди | уреди извор]

Таунсенд со Кристал Палас во 2016

На 1 јули 2016 година, Таунсенд му се приклучил на Кристал Палас потпишувајќи со нив петгодишен договор, со што останал да настапува во Премиер лигата по испаѓањето на Њукасл во Чемпионшип.[53] Палас ја активирале неговата ослободителна клаузула од 13 милиони фунти по само шест месеци откако тој дошол во Њукасл од Тотенхем.[54] Откако Јаник Боласие заминал во Евертон, на Таунсенд му бил доделен празниот дрес со број 10 кој претходно го носел имено Боласие.[55] Своето деби за орлите го направил на 13 август 2016 година, играјќи во поразот со 1–0 од Вест Бромвич Албион во Премиер лигата. Својот прв гол за Кристал Палас го постигнал во првенствената победа со 4–1 над Стоук Сити на 18 септември.[56] Во Палас, Таунсенд успеал да се утврди и пронашол простор за игра во континуитет: првата сезона во клубот ја завршил со 36 настапи во Премиер лигата од кои 30 како стартер на кои постигнал 3 гола. Следната сезона, тој забележал ист број настапи како и во претходната сезона и 2 гола.

Својата најдобра сезона во кариерата, Таунсенд ја имал во сезоната 2018-2019 во која на 45 настапи во сите натпреварувања постигнал рекордни во својата кариера 9 гола. Тој ги одиграл сите 38 натпревари на Палас во Премиер лигата, постигнувајќи највисоки во својата кариера 6 голови во рамките на една сезона, вклучувајќи го и оној од преку 25 метри во победата со 3-2 над Манчестер Сити на 22 декември 2018.[57] Неговиот погодок подоцна бил избран за гол на месецот во Премиер лигата за декември. Конечно, неговиот гол подоцна бил избран за Гол на сезоната во Премиер лигата,[58][59] и се нашол во потесниот избор за Пушкаш наградата за 2019 година.[60]

Неговата ефективност драстично се намалила во последните две сезони во клубот, во кои тој постигнувал само по еден гол. Вкупно за Кристал Палас, Таунсенд одиграл 185 натпревари и постигнал 16 гола.

Евертон[уреди | уреди извор]

Таунсенд потпишал двегодишен договор со Евертон на 20 јули 2021 година, по истекот на неговиот договор со Кристал Палас.[61]

Таунсенд го имал своето деби на 14 август 2021 година, асистирајќи за голот на Ришарлисон кога Евертон направил пресврт за да го победи Саутхемптон со 3–1 во првото коло од сезоната. На 24 август 2021 година, Таунсенд го постигнал победничкиот гол во натпреварот од второто коло на Лига купот против Хадерсфилд Таун.[62]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Таунсенд ја претставувал Англија во неколку младински репрезентации како под 16, под 17 и под 19 години.

Таунсенд го добил својот прв повик во репрезентацијата на Англија под 21 година во октомври 2012 година за баражот за Европското првенство 2013 против Србија.[63] Своето деби го направил во првиот натпревар влегувајќи како замена во 65-тата минута на местото на Рахим Стерлинг.[64] Во мај 2013 година, Таунсенд бил обвинет од ФА поради наводно прекршување на правилата за обложување. Тој потоа доброволно се повлекол од составот на Англија за претстојниот турнир на Европското првенство за играчи под 21 година.

Првиот повик во сениорската репрезентација на Англија го добил во септември 2013 година, за натпреварите од квалификациите за Светското првенство против Молдавија и Украина.[65] Своето деби го направил месец дена подоцна против Црна Гора на 11 октомври, при што го постигнал третиот гол во победата од 4–1 во 78-мата минута, две минути пред да биде заменет, а на крајот бил прогласен за играч на натпреварот.[66]

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Англија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
11-10-2013 Лондон Англија Англија 4 – 1 Црна Гора Црна Гора Квал. за СП 2014 1 заменет 80'
15-10-2013 Лондон Англија Англија 2 – 0 Полска Полска Квал. за СП 2014 - заменет 83'
15-11-2013 Лондон Англија Англија 0 – 2 Чиле Чиле Пријателска - влегол во игра 57'
19-11-2013 Лондон Англија Англија 0 – 1 Германија Германија Пријателска -
05-03-2014 Лондон Англија Англија 1 – 0 Данска Данска Пријателска - влегол во игра 86'
09-10-2014 Лондон Англија Англија 5 – 0 Сан Марино Сан Марино Квал. за Евро 2016 1 влегол во игра 66'
31-03-2015 Торино Италија Италија 1 – 1 Англија Англија Пријателска 1 влегол во игра 70'
07-06-2015 Даблин Ирска Ирска 0 – 0 Англија Англија Пријателска - влегол во игра 66'
14-06-2015 Љубљана Словенија Словенија 2 – 3 Англија Англија Квал. за Евро 2016 - заменет 74'
12-10-2015 Вилниус Литванија Литванија 0 – 3 Англија Англија Квал. за Евро 2016 - влегол во игра 73'
27-05-2016 Сандерленд Англија Англија 2 – 1 Австралија Австралија Пријателска - влегол во игра 76'
11-10-2016 Љубљана Словенија Словенија 0 – 0 Англија Англија Квал. за СП 2018 - влегол во игра 62'
Вкупно Настапи 12 Голови 3

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 10 август 2021.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2008-мар. 2009 Англија Тотенхем ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 0 0
мар.-јун. 2009 Англија Јовил Таун ФЛ1 10 1 ФАКуп+ЛК - - - - - ТФЛ - - 10 1
2009-јан. 2010 Англија Лејтон Ориент ФЛ1 22 2 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - ТФЛ 2 0 26 2
јан.-јун. 2010 Англија МК Донс ФЛ1 9 2 ФАКуп+ЛК - - - - - ТФЛ - - 9 2
авг.-дек. 2010 Англија Ипсвич Таун ФЛЧ 13 1 ФАКуп+ЛК 0+3 0 - - - - - - 16 1
дек. 2010-јан. 2011 Англија Тотенхем ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 1+0 1 ЛШ - - - - - 1 1
јан.-фев. 2011 Англија Вотфорд ФЛЧ 3 0 ФАКуп+ЛК - - - - - - - - 3 0
мар.-јун. 2011 Англија Милвол ФЛЧ 11 2 ФАКуп+ЛК - - - - - - - - 11 2
2011-јан. 2012 Англија Тотенхем ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 ЛЕ 6[67] 1 - - - 7 1
јан.-фев. 2012 Англија Лидс Јунајтед ФЛЧ 6 1 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 7 1
фев.-јун. 2012 Англија Бирмингем Сити ФЛЧ 15+1[68] 0 ФАКуп+ЛК - - ЛЕ - - - - 16 0
2012-јан. 2013 Англија Тотенхем ПЛ 5 0 ФАКуп+ЛК 1+1 0+1 ЛЕ 3 0 - - - 10 1
јан.-јун. 2013 Англија КПР ПЛ 12 2 ФАКуп+ЛК - - - - - - - - 12 2
2013-2014 Англија Тотенхем ПЛ 25 1 ФАКуп+ЛК 0+1 0 ЛЕ 7[67] 1[69] - - - 33 2
2014-2015 ПЛ 17 2 ФАКуп+ЛК 3+6 1+1 ЛЕ 9[67] 2[70] - - - 35 6
2015-јан. 2016 ПЛ 3 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 ЛЕ 3 0 - - - 7 0
Вкупно Тотенхем 50 3 14 4 28 4 - - 92 11
јан.-јун. 2016 Англија Њукасл Јунајтед ПЛ 13 4 ФАКуп+ЛК - - - - - - - - 13 4
2016-2017 Англија Кристал Палас ПЛ 36 3 ФАКуп+ЛК 3+1 0 - - - - - - 40 3
2017-2018 ПЛ 36 2 ФАКуп+ЛК 1+2 0 - - - - - - 39 2
2018-2019 ПЛ 38 6 ФАКуп+ЛК 4+3 1+2 - - - - - - 45 9
2019-2020 ПЛ 24 1 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 25 1
2020-2021 ПЛ 34 1 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 36 1
Вкупно Кристал Палас 168 13 17 3 - - - - 185 16
2021-2022 Англија Евертон ПЛ 7 3 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 0 0
Вкупно во кариерата 340 34 38 7 28 4 2 0 408 45

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UEFA Europa League 2014/2015: Booking List before Round of 32, 1st leg“ (PDF). UEFA. 11 February 2015. стр. 15. Посетено на 3 April 2020.
  2. „Andros Townsend“. 11v11.com. AFS Enterprises. Посетено на 3 April 2020.
  3. „Andros Townsend“. Crystal Palace F.C. Посетено на 29 February 2020.
  4. „Kick It Out's Townsend: 'We are fed up with hashtags' in fight against racist abuse“. ESPN.com (англиски). 2021-04-28. Посетено на 2021-10-04.
  5. „Father of Crystal Palace Winger Andros Townsend Slams West Brom's Appointment of Alan Pardew“. 90min.com (англиски). 2017-11-30. Посетено на 2021-10-04.
  6. „First Greek Cypriot selected for the full England squad for world cup qualifiers“. Parikiaki. August 2013. Посетено на 1 July 2016.
  7. „Andros Townsend opens up about his gambling addiction: "I lost €54,000 in one night". Diario AS. 5 December 2019. Посетено на 3 August 2020.
  8. „Andros Townsend reveals he lost £46,000 gambling in bed on one night“. The Guardian. 5 December 2019. Посетено на 3 August 2020.
  9. Brown, Spencer (26 January 2016). „Andros Townsend: What went wrong at Tottenham for Newcastle's new signing?“. The Chronicle. Newcastle. Посетено на 22 April 2021.
  10. „Yeovil sign teenage Tottenham duo“. BBC Sport. 19 March 2009. Архивирано од изворникот 22 March 2009. Посетено на 21 March 2009.
  11. „Yeovil 0–0 MK Dons“. BBC Sport. 21 March 2009. Архивирано од изворникот 23 March 2009. Посетено на 21 March 2009.
  12. „Professional Player Profiles: Andros Townsend“. Tottenham Hotspur F.C. Архивирано од изворникот на 6 January 2011.
  13. „O's take Spurs youngster on loan“. Leyton Orient F.C. 6 August 2009. Архивирано од изворникот на 8 August 2009.
  14. „Andros extends loan“. Tottenham Hotspur F.C. 31 August 2009. Посетено на 12 October 2013.
  15. 15,0 15,1 15,2 „Натпревари одиграни од Андрос Таунсенд во 2009/2010“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 6 February 2016.
  16. „Yeovil 3–3 Leyton Orient“. BBC Sport. 22 March 2009. Посетено на 24 March 2009.
  17. „Andros recalled“. Tottenham Hotspur F.C. 5 March 2010. Посетено на 12 October 2013.
  18. „Andros loan to Ipswich“. Tottenham Hotspur F.C. 12 August 2010. Посетено на 12 October 2013.
  19. „Redknapp pulls youngster out of Ipswich loan“. Daily Mirror. London. 20 December 2010. Посетено на 20 December 2010.
  20. 20,0 20,1 20,2 „Натпревари одиграни од Андрос Таунсенд во 2010/2011“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 6 February 2016.
  21. Smith, Frank (12 January 2011). „Watford still hopeful of signing Tottenham winger Andros Townsend“. Watford Observer. Посетено на 1 April 2012.
  22. „Andros in Watford loan“. Tottenham Hotspur F.C. 20 January 2011. Посетено на 12 October 2013.
  23. „Watford's Kiernan joins Wycombe, Townsend leaves“. BBC Sport. 23 February 2011. Посетено на 24 February 2011.
  24. „Millwall sign Tottenham Hotspur winger Andros Townsend“. BBC Sport. 7 March 2011. Посетено на 1 April 2012.
  25. „Tottenham Hotspur winger Andros Townsend keen to stay at Millwall after fine display in victory over Leeds“. The Daily Telegraph. London. 10 April 2011. Посетено на 1 April 2012.
  26. 26,0 26,1 26,2 „Натпревари одиграни од Андрос Таунсенд во 2011/2012“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 6 February 2016.
  27. Doyle, Paul (15 December 2011). „Tottenham thrash Shamrock Rovers but exit Europa League“. The Guardian. London. Посетено на 22 April 2021.
  28. „Townsend signs Spurs extension“. Sky Sports. 22 December 2011. Посетено на 1 April 2012.
  29. „Tottenham star joins United“. Leeds United F.C. 1 January 2012. Посетено на 22 April 2021.
  30. „Leeds decision was 'no brainer' for Andros“. Leeds United F.C. 4 January 2012. Посетено на 22 April 2021.
  31. „Luc's late, late winner for Leeds!“. Leeds United F.C. 18 February 2012. Посетено на 22 April 2021.
  32. „Andros Townsend joins Birmingham on loan after leaving Leeds“. BBC Sport. 24 February 2012. Посетено на 16 October 2013.
  33. „Andros Townsend“. England Football Online. 10 April 2021. Посетено на 22 April 2021.
  34. 34,0 34,1 „Натпревари одиграни од Андрос Таунсенд во 2012/2013“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 6 February 2016.
  35. Taylor, Louise (26 September 2012). „Tottenham's understudies excel in audition and outclass bold Carlisle“. The Guardian. London. Посетено на 27 September 2012.
  36. Sanghera, Mandeep (9 March 2013). „QPR 3–1 Sunderland“. BBC Sport. Посетено на 9 March 2013.
  37. Monaghan, Matt (16 March 2013). „Aston Villa 3–2 QPR“. BBC Sport. Посетено на 16 March 2013.
  38. „Натпревари одиграни од Андрос Таунсенд во 2013/2014“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 6 February 2016.
  39. Magowan, Alistair (22 August 2013). „Dinamo Tbilisi 0–5 Tottenham“. BBC Sport. Посетено на 16 October 2013.
  40. McNulty, Phil (20 October 2013). „Aston Villa 0–2 Tottenham“. BBC Sport. Посетено на 9 November 2013.
  41. „Натпревари одиграни од Андрос Таунсенд во 2014/2015“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 6 February 2016.
  42. „Merson tells Andros Townsend to 'win some medals' as Twitter fallout rolls on“. ESPN. 2 April 2015. Посетено на 16 December 2017.
  43. McNulty, Phil (1 March 2015). „Chelsea 2–0 Tottenham Hotspur“. BBC Sport. Посетено на 16 December 2017.
  44. „Spurs drop Andros Townsend after row with coach Nathan Gardiner“. BBC Sport. 4 November 2015. Посетено на 26 January 2016.
  45. 'We feel sorry for him' Pochettino's injury set-back ahead of West Ham“. London 24. Архивирано од изворникот на 2 February 2016. Посетено на 26 January 2016.
  46. 46,0 46,1 „Andros Townsend completes £12m Newcastle move from Tottenham“. Sky Sports. Посетено на 27 January 2016.
  47. „Andros Townsend: Newcastle agree fee with Tottenham“. BBC Sport. 26 January 2016. Посетено на 26 January 2016.
  48. „Townsend to Newcastle: 'They were the only club I wanted to join'. London Evening Standard. Посетено на 26 January 2016.
  49. „Newcastle sign Andros Townsend“. Newcastle United F.C. Посетено на 27 January 2016.
  50. Jennings, Patrick. „Everton 3–0 Newcastle United“. BBC Sport. Посетено на 6 February 2016.
  51. Chowdhury, Saj. „Newcastle United 1–0 West Bromwich Albion“. BBC Sport. Посетено на 6 February 2016.
  52. Bevan, Chris. „Chelsea 5–1 Newcastle United“. BBC Sport. Посетено на 13 February 2016.
  53. „Crystal Palace sign Andros Townsend and Steve Mandanda“. BBC Sport. 1 July 2016. Посетено на 1 July 2016.
  54. „Andros Townsend set for Crystal Palace medical after £13m Newcastle release clause triggered“. Sky Sports. 30 June 2016. Посетено на 1 July 2016.
  55. „Townsend changes shirt number“. Crystal Palace F.C. 19 August 2016. Посетено на 20 August 2016.
  56. Woodcock, Ian (18 September 2018). „Crystal Palace 4–1 Stoke City“. BBC Sport. Посетено на 22 April 2021.
  57. Bevan, Chris (22 December 2018). „Palace comeback stuns champions Man City“. BBC Sport. Посетено на 22 April 2021.
  58. „Townsend volley wins Carling Goal of the Month“. Premier League. 11 January 2019. Посетено на 11 January 2019.
  59. „Andros Townsend wins Premier League Goal of the Season for Manchester City screamer“. Crystal Palace F.C. 21 May 2019. Посетено на 22 April 2021.
  60. Omoigui, Nosa (20 August 2019). „Fifa Puskás Award 2019: breakdown of the 10-strong shortlist“. The Guardian. Посетено на 22 April 2021.
  61. „Townsend Joins Everton“. Everton F.C. 20 July 2021. Посетено на 20 July 2021.
  62. „Andros Townsend's first Everton goal handed the 10-man Toffees victory over Huddersfield in the Carabao Cup“. The BBC.
  63. „Sterling selected for U21s“. The Football Association. 3 October 2012. Посетено на 16 October 2013.
  64. Bradbury, Jamie (12 October 2012). „Craig gives England the edge“. The Football Association. Посетено на 16 October 2013.
  65. „Andros Townsend and Ross Barkley in England squad“. BBC Sport. 16 October 2013. Посетено на 27 August 2013.
  66. McNulty, Phil (11 October 2013). „England 4–1 Montenegro“. BBC Sport. Посетено на 4 March 2016.
  67. 67,0 67,1 67,2 2 настапи во плејофот.
  68. Плејоф.
  69. Во плејофот.
  70. Еден гол во плејофот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]