Андре Јованоски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Андре Настев Јованоски (6 март 1920 во Турје, Охридско — 7 септември 1943 во Белчишта, Охридско) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Андре Настев Јованоски е роден во селото Турје. Бил печалбар. Како младински активист од 1942 година, во НОБ се приклучил на 5 август 1943 година. Како борец на баталјонот Мирче Ацев, загинува кај селото Белчишта, на 7 септември 1943 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)