Андреј Силнов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Андреј Силнов
Медали

Андреј Силнов
Машка атлетика
Натпреварувач за  Русија
Олимписки игри
Златен медал - прво место 2008 Пекинг скок во височина
Европски првенства
Златен медал - прво место 2006 Гетеборг скок во височина

Андреј Александрович Силнов (руски: Андрей Александрович Сильнов) (роден на 9 септември 1984 во Шахти) — руски атлетичар кој се натпреварува во техничката дисциплина скок во височина.

На Европското првенство во Гетеборг во 2006, Силнов го освои златниот медал со прескокнати 2,36m, подобрувајќи го рекордот на европските првенства 2,35m поставен од страна Стејнар Хоен во 1994. Само една седмица потоа, Силнов во Монако прескокна 2,37m, со што постави најдобар резултат во светото во 2006.[1]

Својот личен рекорд, Андреј го постави во Лондон, на 25 јули 2008 со прескокнати 2,38m, со што во последен момент стана дел од рускиот Олимписки тим, а очекувањата ги оправда со освојувањето на златниот медаљл на Летните олимписки игри во Пекинг, со прескокнати 2,36m.

Тренери на Андреј Силнов се Сергеј Старик и Јевгениј Загорулко.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Долгополов, Николај; Ростислав Орлов (18 јануари 2007). „Силнов го лови светскиот рекорд во скок во височина“. Меѓународна атлетска федерација. Посетено на 21 јануари 2006.