Андреј Маслинко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Андреј Маслинко
ПозицијаЦентар
Крилен центар
Висина2,08 м
Тежина88 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
АБА 2
ЕкипаМЗТ Аеродром
Роден20 мај 1997 (1997-05-20) (23 г.)
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
Проф. кариера2014
2016–
Клубови
2016–2017Работнички
2017–МЗТ Аеродром
Репрезентација
Инфо од: 08.02.2018.

Андреј Маслинко (роден на 20 мај 1997 во Скопје) — македонски кошаркар и репрезентативец кој настапува за МЗТ Аеродром.

Клубска кариера[уреди | уреди извор]

Младинска кариера[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2012/13 настапувал за Партизан Водно Санс, во младинскиот состав до 16 години. Сезоната 2013/14, се преселил во Италија и играл младинската екипа на Стела Азура. Сезоната 2014/15, Маслинко настапил за сениорската екипа на второлигашот Стела Азура.[1] Во истата сезона, Маслинко играл и за сениорите на Виртус Валмонте, исто второлигаш.[2] Во 2015/16, Андреј бил во составот на младинската екипа на Пафони Омења.

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

За сезоната 2016/17, Маслинко се вратил во Македонија и потпишал за Работнички.[3][4] Следната сезона продолжил во МЗТ Аеродром.[5][6] Со МЗТ го освоил Купот 2018, а бил вицепрвак во Првенството. И за сезоната 2018/19, Маслинко продолжил во МЗТ.[7][8] Таа сезона, Маслинко со МЗТ го освоил македонското првенство. По завршувањето на сезоната, на Маслинко му истекол договорот со МЗТ Аеродром.[9] Но веќе во јули, Маслинко потпишал нов едносезонски договор со МЗТ за сезоната 2019/20.[10][11] За сезоната 2020/21, крајот на јуни 2020 година, тој потпишал едногодишен договор за нова соработка со МЗТ Аеродром.[12][13]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Младинска репрезентација[уреди | уреди извор]

А репрезентација[уреди | уреди извор]

Маслинко бил вклучен во претквалификациите за Евробаскетот 2021.[14] Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Маслинко.[15] Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.[16]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Почесно споменување во сезоната 2019/20[17]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Stella Azzurra 2014-2015“. eurobasket.com. Посетено на 4 август 2018.
  2. „Virtus Valmontone 2014-2015“. eurobasket.com. Посетено на 4 август 2018.
  3. „По Илиевски, потпишан и Маслинко“. sportmedia.mk. 9 септември 2016. Посетено на 4 август 2018.
  4. „Маслинко три години ќе го носи дресот на Работнички“. gol.mk. 9 септември 2016. Посетено на 4 август 2018.
  5. „Нов бран на репрезентативци во МЗТ“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 7 јули 2017. Посетено на 4 август 2018.
  6. „МЗТ со две засилувања – Бојан Трајковски и Андреј Маслинко“. ekipa.mk преку web.archive.org. 11 август 2017. Посетено на 4 август 2018.
  7. „МЗТ ги осигура Соколов и Маслинко, чека на Дамјан и Симоновски“. sportmedia.mk. 26 јуни 2018. Посетено на 4 август 2018.
  8. „Маслинко и Соколов и во следната сезона во МЗТ“. gol.mk. 26 јуни 2018. Посетено на 4 август 2018.
  9. „Центар на Работнички меѓу желбите на МЗТ“. ekipa.mk преку web.archive.org. 19 јули 2019. Посетено на 20 јули 2019.
  10. „Маслинко уште една сезона во дресот на МЗТ“. ekipa.mk преку web.archive.org. 23 јули 2019. Посетено на 24 јули 2019.
  11. „Маслинко останува дел од МЗТ и наредната сезона“. gol.mk преку web.archive.org. 23 јули 2019. Посетено на 24 јули 2019.
  12. „Македонскиот репрезентативец Маслинко ја продолжи соработката со МЗТ“. gol.mk преку web.archive.org. 29 јуни 2020. Посетено на 1 јули 2020.
  13. „МЗТ потпиша договори со Бакоч и со Радуловиќ“. ekipa.mk преку web.archive.org. 29 јуни 2020. Посетено на 1 јули 2020.
  14. „Симоновски се враќа во репрезентацијата за Косово и за Романија“. ekipa.mk. 16 август 2018. Посетено на 16 август 2018.
  15. „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Посетено на 14 јануари 2020.
  16. „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Посетено на 21 февруари 2020.
  17. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Посетено на 2 јуни 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]