Андреја Мишковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Андреја Мишковски
Роден 17 јули 1932
Куманово, Кралство Југославија
Починал 20 август 1998
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање хирург

Андреја Мишковски (роден на 17 јули 1932 година во Куманово - починал на 20 август 1998 година во Скопје) — македонски хирург по пластична и реконструктивна хирургија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Андреја Мишковски завршил на Медицинскиот факултет во Скопје во 1958 година, специјализирал пластична и реконструктивна хирургија во Белград и во Солзбери, Англија (1972). Ги вовел методите на современата пластична хирургија и ја извел првата реплантација на ампутирана подлактица (1976). Бил директор на Клиниката за хируршки болести (1982–1989); ги трансформирал хируршките одделенија во посебни хируршки клиники; директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија (1989–1994).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, ed. (2009). "Мишковски". Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. стр. 977.