Андреја Де Карло

Од Википедија — слободната енциклопедија
Андреја Де Карло

Андреја Де Карло (италијански: Andrea De Carlo) роден на 11 декември 1952 во Милано) е италијански писател.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е и пораснат во Милано, но не го сака градот: неговата „омраза“ за главниот ломбардски град е добро опишана во неговите романи. Неговиот татко е познатиот архитект Џанкарло Де Карло кому му должи многу, бидејќи уште како мал го запознал со творештвото на Итало Калвино, Елио Виторини и со други имиња на интелектуалци од Милано.

Дипломирал Современа историја. Исто така работи и како фотограф.

Патува многу: заминува за САД, живеејќи најпрвин во Бостон а потоа и во Њујорк и во Санта Барбара (каде предава италијански јазик).

Подоцна се преселува во Австралија аналогно на етапите опишани во неговиот роман Два од Два (итал. Due di Due): Сиднеј, Мелбурн, Квинсленд. По извесен периодо повторно се враќа во Италија, но овојпат во село, во околината на Урбино. Во 1981 год. издавачката куќа Еинауди конечно го издава неговиот роман „Воз од шлаг“ (итал.Treno di panna), кој веќе бил напишан на англиски јазик и насловен како „Cream Train“. Итало Калвино го пишува воведот за романот.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • „Воз од шлаг“ (1981)
  • „Макно“ (1984)
  • „Јукатан“ (1986)
  • „Два од Два“ (1989)
  • „Техники на заведување“ (1991)
  • „Уто“ (1995)
  • „Од нас тројца“ (1997)
  • „Во моментов“ (1999)
  • „Чист живот“ (2001)
  • „Вистински имиња“ (2002)
  • „Ветерен вртеж“ (2004)
  • „Море од вистини“ (2006)
  • „За време на“ (2008)

Неговите книги се издадени од Бомпиани, Еинауди и Мондадори и биле преведени во 21 различна земја.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]