Андреев конак
Изглед
Андреев конак | |
---|---|
![]() Поглед на конакот (2021 г.) | |
![]() | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | османлиски |
Адреса | Димитар Влахов бр. 6 |
Град | Гевгелија |
Земја | ![]() |
Завршена | XX век |
Технички податоци | |
Катови | 1 |
Андреев конак — стара станбена зграда во градот Гевгелија, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Зградата се наоѓа во средишниот дел на градот Гевгелија, на улицата „Димитар Влахов“ бр. 6, јужно од Зградата на Општина Гевгелија и спроти Канговиот конак.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Андреевиот конак е изграден во почетокот на XX век.[1]
Во 2017 година била најавена обнова на неговата фасада,[2] но до крајот на 2021 година истата не се случила.
Денес, конакот е во приватна сопственост, но како објект со висока амбиентална вредност бил прогласен за споменик на културата. Во долниот кат на објектот работат продавници и услужни дејности.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Андреев конак на Ризницата ?