Андреа Дворкин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Андреа Дворкин
Роден(а) Андреа Рита Дворкин
септември 26, 1946(1946-09-26)
Камден, САД
Починал(а) април 9, 2005(2005-04-09) (воз. 58 г.)
Вашингтон, САД
Алма матер Бенингтонски Колеџ
Занимање Писателка
Активен период 1966–2005
Познат(а) по Радикален феминизам, анти-порнографски активизам
Страница
Портал за страниците на Андреа Дворкин

Андреа Рита Дворкин (26 септември, 1946 - 9 април 2005 година) е американска радикална феминистка и писателка најдобро позната по нејзината критика на порнографијата, која таа тврди е поврзана со силувањето и другите форми на насилство врз жените.

Антивоен активист и анархист во 1960тите, Дворкин напишала 10 книги за радикалната феминистичка теорија и практика. За време на доцните 1970-ти и 1980-тите години, таа доби национална слава како портпаролка на феминистичкото движење против порнографијата, како и за нејзиното пишување за порнографијата и сексуалноста.

Критика за порнографијата[уреди | уреди извор]

Во 1981 година, Дворкин ја објави книгата Порнографија: Машкото поседување на жените, која ги анализирала (и опширно цитирала примери од) современата и историската порнографија како индустрија на жено-мразење и дехуманизација. Дворкин тврди дека порнографијата е сврзана со насилството врз жените, и во поглед на производството (преку злоупотреба на жените кои се користат во неа), и во социјалните последици на нејзината употреба преку поттикнување на мажите да ја еротизираат доминацијата, понижувањето и злоупотребата на жените.[1][2][3]

Дворкин изјави дека во врска со сексуалноста специфично, нејзините критичари често ги мисрепрезентирале нејзините ставови, и дека под насловот "избор" и "секс-позитивност", нејзините феминистички критичари не ги имале во предвид често насилните политички структури кои ги ограниченувале изборите на жените и го обликувале значењето на сексуалните акти.[4]

Сведочењето пред комисијата на јавниот правобранител за порнографијата[уреди | уреди извор]

На 22 јануари 1986 година, Дворкин сведочеше половина час пред комисија на јавниот правобранител за порнографијата, и одговарала на прашања од комесарите по завршувањето на нејзиното сведочење.[5] Сведоштвото на Дворкин против порнографијата беше пофалено и печатено во конечниот извештај на Комисијата.[6][7] Комисијата потоа успешно побара продавниците да ги отстранат од полиците машките списанија како Плејбој[7] (Дворкин напиша дека списанието "и во текст и во слики ги промовира и силувањето и сексуалната злоупотреба на деца"),[8] Пентхаус[9] и други.[10]

Во нејзиното сведочење и одговорите на прашањата од комесарите, Дворкин ја осуди употребата на кривичните гонења поради разблуда против порнографите, и наведува, "Ние сме против законите против разблуда. Ние не ги сакаме. Сакам да се разбере зошто, без разлика дали ќе се согласувате или не".[11] Таа тврди дека законите против разблуда биле во голема мера неефективни,[11] дека кога тие биле ефикасни тие само ја потиснувале порнографијата од погледот на јавноста, притоа овозможувајќи и да се развива надвор од поглед,[12] и дека тие го потиснувале погрешниот материјал, или правиот материјал за погрешни причини, тврдејќи дека "законите против разблуда се исто така мизогени во многу од нивната изградба. Нивната основна претпоставка е дека женските тела се валкани."[13]

Во 1980 година, Линда Борман јавно изјави дека нејзиниот поранешен сопруг Чак Трејнор ја удираше и силуваше, и насилно ја присилувал да учествува во порнографски филмови. Борман ја направи изјавата на прес-конференција со Дворкин, феминистичката адвокатка Кетрин Мекинон, и членовите на Жените Против Порнографијата.[14] Дворкин поднесе во докази копија од книгата на Линда Борман Ordeal, како пример за злоупотребите во порнографијата, велејќи: "Единственото нешто атипично за Линда е што таа имала храброст да направи јавна борба против она што и се случило на неа. И што и да заклучите, треба да и помогне на неа или нема да му помогне на никого". Борман лично сведочеше пред Комисијата, но членовите на Комисијата се уште не ја виделе нејзината книга.[15]

Intercourse[уреди | уреди извор]

Во 1987 година, Дворкин ја објави книгата Intercourse, во која таа ја прошири својата анализа за порнографија за самиот сексуален однос, и тврдеше дека видот на сексуална субординација прикажана во порнографијата е централна за машките и женските искуства за хетеросексуалните односи во машко-супремасистичкото општество.[16]

Цитирајќи и од порнографијата и од литературата, вклучувајќи ги и Крејцеровата Соната, Мадам Бовари, а Дракула - Дворкин тврди дека со претставувањето на сексот во мејнстрим културата и уметноста постојано ги потенцира хетеросексуалните односи како единствен вид на "вистински" секс, го толкува сексот со насилни или инвазивни термини, ги прикажува насилството или инвазивноста како централни улоги во неговата еротичност, и често го обединува со машкиот презир, одвратност кон, па дури и убиството на жена. Таа тврди дека овој вид на опис спроведува машко-центричен и коерсивен поглед на сексуалноста, и дека, кога културните ставови се комбинираат со материјалните услови на животот на жените во сексистичко општество, искуството на самите хетеросексуални односи станува централен дел на машкото субординирање на жените, се доживува како еден вид на "окупација", која сепак се очекува да биде пријатна за жените и да го дефинира самиот нивен статус како жени.[17]

Таквите описи често критичарите на Дворкин ги толкуваат како тврдења дека "сите" хетеросексуални односи се силување.

Дворкин ја одби таквата интерпретација на нејзиниот аргумент,[18] и наведува во подоцнежно интервју: "Мислам дека и сексуалните односи и сексуалното задоволство можат и ќе ја преживеат еднаквоста"[19] и укажува на тоа дека недоразбирањето е поради многу од самата сексуална идеологија која ја критикувала: "Бидејќи парадигмата за секс е една за освојување, поседување, и уништување, мислам дека многу мажи веруваат дека им треба нефер предност, која во своите екстреми може да биде силувањето. Јас не сметам дека таа им е потребна."[19]

Наследство[уреди | уреди извор]

Дворкин напишала 10 книги за радикалната феминистичка теорија и бројни говори и статии, со цел да се наметне присуството на и да се критизира институционализираната и нормализирана штета врз жените. Таа стана една од највлијателните писатели и портпароли на американскиот радикален феминизам во текот на доцните 1970-тите и 1980-тите години.[2][20] Таа ја карактеризира порнографијата како индустрија на оштетувачка објектификација и злоупотреба, а не само фантазија и зборува за проституцијата како систем на експлоатација. Нејзините анализи и пишувања влијаниеле и инспирирале многу од современите феминистки, како што се Кетрин Мекинон,[21] Глорија Стејнем,[22] Џон Столтенберг,[23] Ники Крафт,[24] Сузан Кол,[25] и Ејми Елман.[26]

Бескомпромисните позиции и силниот стил на пишување и зборување на Дворкин, опишан од страна на Роберт Кембел како "апокалиптичен",[27] е зошто таа често е споредена со други активисти како Малком Икс (од Робин Морган,[23] Сузи Брајт[28] и други ). Глорија Стејнем постојано го споредуваше нејзиниот стил со оној на старозаветните пророци.[29][30]

Кетрин Мекинон, долгогодишна пријателка и соработничка на Дворкин, објави колумна во New York Times, славејќи го она што таа го опиша како "блескава литературна и политичка кариера", вели дека Дворкин заслужува номинација за Нобелова награда за литература, и се пожали дека "лагите за нејзините ставови за сексуалноста (дека верувала сексот е силување) и нејзините политички сојузи (дека таа била во кревет со десничарите) беа објавени и реиздавани, без обиди за верификација, корективните писма речиси секогаш одбивани. Додека физичкиот изглед на машките писатели се смета за ирелевантен или е негуван како шармантна ексцентричност, Андреа беше навредливо критикувана и исмејувана и била претворена во порнографија. Кога таа тужеше поради клеветата, судовите ги тривилизирале порнографските лаги како фантазија и ги сметале за сатира".[31][32]

Дела[уреди | уреди извор]

Жено-мразење

Порнографија: Машкото поседување на жените

Десничарски жени

Писма од воена зона

Нашата крв: пророштва и дискурси за половата политика

Интеркорс

Сакам примирје од 24 часа за време на кое нема силување

Живот и смрт: писанија за континуираната војна врз жените

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Julie Bindel. „A life without compromise“, „The Guardian“, 30 септември 2004 (конс. 11 јули 2009 г).
  2. 2,0 2,1 Katharine Viner. „'She never hated men'“, „The Guardian“, 12 април 2005 (конс. 11 јули 2009 г).
  3. Julie Bindel. „Obituary“, „The Guardian“, 12 април 2005 (конс. 12 јули 2009 г).
  4. See, for example, the 1995 Preface to Intercourse, pp. vii–x, and Intercourse, Chapter 7.
  5. Dworkin's testimony, "Pornography Is a Civil Rights Issue", is reprinted in Dworkin, Letters from a War Zone, pp. 276–307.
  6. „Victimization“. Attorney General's Commission on Pornography. 1986. http://www.porn-report.com/401-victimization.htm. конс. 8 јули 2009 г. 
  7. 7,0 7,1 Pat Califia (1994). „The Obscene, Disgusting, and Vile Meese Commission Report“. Public Sex: The Culture of Radical Sex. San Francisco: Cleis Press. 
  8. Colleen McEneany. „Pornography and Feminism“. FeministUtopia. архивирано од оригиналот на 20 јули 2006. http://web.archive.org/web/20060720195949/http://www.amazoncastle.com/feminism/porn.shtml. конс. 8 јули 2009 г. 
  9. David M. Edwards. „Politics and Pornography: A Comparison of the Findings of the President's Commission and the Meese Commission and the Resulting Response“. http://home.earthlink.net/~durangodave/html/writing/Censorship.htm. конс. 9 јули 2009 г. 
  10. Christopher M. Finan and Anne F. Castro. „The Rev. Donald E. Wildmon's Crusade for Censorship, 1977–1992“. Media Coalition. архивирано од оригиналот на 6 мај 2009. http://web.archive.org/web/20090506105725/http://www.mediacoalition.org/reports/wildmon.html. конс. 9 јули 2009 г. 
  11. 11,0 11,1 Dworkin, Letters from a War Zone, p. 285.
  12. Dworkin, Letters from a War Zone, pp. 285–286.
  13. Dworkin, Letters from a War Zone, p. 286.
  14. Brownmiller, In Our Time, p. 337.
  15. Dworkin, Letters from a War Zone, p. 289.
  16. Dworkin. „Occupation/Collaboration“. Intercourse. 
  17. Dworkin. „Occupation/Collaboration“. Intercourse. 
  18. Nikki Craft. „The Andrea Dworkin Lie Detector“. Andrea Dworkin Online Library. http://www.nostatusquo.com/ACLU/dworkin/LieDetect.html. конс. 8 јули 2009 г. 
  19. 19,0 19,1 Michael Moorcock (21 април 1995). „Fighting Talk“. New Statesman and Society. http://www.nostatusquo.com/ACLU/dworkin/MoorcockInterview.html. конс. 8 јули 2009 г. 
  20. Louise Armstrong. „The Trouble with Andrea“, „The Guardian“, 25 јули 2001 (конс. 11 јули 2009 г).
  21. Stuart Jeffries. „Are women human?“, „The Guardian“, 12 април 2006 (конс. 18 јули 2009 г).
  22. Zoe Heller. „The New Eve“, „The Independent“, 6 декември 1992 (конс. 18 јули 2009 г).
  23. 23,0 23,1 Ariel Levy (29 мај 2005). „The Prisoner of Sex“. New York. http://nymag.com/nymetro/news/people/features/11907/. конс. 12 јули 2009 г. 
  24. Nikki Craft. „The Nikki Wiki: All About Nikki Craft“. http://www.nikkicraft.com/. конс. 18 јули 2009 г. 
  25. Susan G. Cole (May 12–19, 2005 г). Sex, lies and ideologies. „NOW“. 
  26. Max Waltman (мај 2009). „The Civil Rights and Equality Deficit: Legal Challenges to Pornography and Sex Inequality in Canada, Sweden, and the U.S.“ (PDF). Canadian Political Science Association. http://www.cpsa-acsp.ca/papers-2009/Waltman.pdf. конс. 18 јули 2009 г. 
  27. Robert L. Campbell (29 март 2004). „Radical Feminism: Some Thoughts on Long's Defense“. History News Network. http://hnn.us/blogs/entries/4351.html. конс. 12 јули 2009 г. 
  28. Susie Bright (11 април 2005). „Andrea Dworkin Has Died“. http://susiebright.blogs.com/susie_brights_journal_/2005/04/andrea_dworkin_.html. конс. 11 јули 2009 г. 
  29. Mark Honigsbaum. „Andrea Dworkin, embattled feminist, dies at 58“, „The Guardian“, 12 април 2005 (конс. 12 јули 2009 г).
  30. „Gloria Steinem Remembers Feminist Writer and Activist Andrea Dworkin“. Democracy Now!. 29 март 2004. архивирано од оригиналот на 15 јули 2009. http://web.archive.org/web/20090715164617/http://www.democracynow.org/2005/6/23/gloria_steinem_remembers_feminist_writer_and. конс. 12 јули 2009 г. 
  31. MacKinnon, Catharine A.. „Who Was Afraid of Andrea Dworkin?“, „The New York Times“, 16 април 2005 (конс. 12 јули 2009 г).
  32. „Andrea Dworkin Dies“. Ms.. 11 април 2005. архивирано од оригиналот на 25 декември 2006. http://web.archive.org/web/20061225074237/http://www.msmusings.net/archives/2005/04/andrea_dworkin.html. конс. 12 јули 2009 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]