Андреа Белоти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Андреа Белоти
Gallo Belotti.jpg
Лични податоци
Полно име Андреа Белоти
Роден на 20 декември 1993 (1993-12-20) (25 г.)
Роден во Калчинате, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001810000001,81 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Торино Торино
Број 9
Младинска кариера
Албинолефе Албинолефе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011-2013 Албинолефе Албинолефе 39 (14)
2013-2015 Палермо Палермо 62 (16)
2015– Торино Торино 135 (61)
Репрезентација
2012 Италија Италија 19 6 (2)
2012-2013 Италија Италија 20 9 (4)
2013-2015 Италија Италија 21 18 (9)
2016- Италија Италија 20 (5)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Андреа Белоти (роден на 20 декември 1993) е италијански фудбалер, напаѓач на Торино и на италијанската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Албинолефе[уреди | уреди извор]

Роден во Калчинате, Провинција Бергамо, Ломбардија, Белоти ја започнал својата кариера во вториот по големина тим од покраината, Албинолефе кој тогаш се натпреварувал во Серија Б лигата. Како играч на младинскиот тим од 2010 година, Белоти го направил своето деби за првиот тим на 10 март 2012 година (во 30-тото коло од првенството), против Ливорно во поразот со 4-1 и уште на своето деби го постигнал својот прв гол за клубот. Потоа тој одиграл неколку последователни натпревари како замена од 32-рото до 34-тото коло и започнал како стартер во 4 натпревари од 35-тото до 39-тото коло, само отсуствувајќи само во 37-мото коло.[1] Својата прва професионална сезона ја завршил со 8 настапи и 2 гола во Серија Б. Исто така, тој постигнал 13 гола, како најдобар стрелец на младинскиот тим во текот на сезоната 2011-2012, во која го освоиле младинското натпреварување Трофео Досена, во јуни 2012 година.[2]

По завршувањето на сезоната 2011-2012, Албинолефе испаднале од Серија Б во Лега Про Прима Дивизионе, Белоти бил промовиран како стартен напаѓач на клубот за сезоната 2012-2013. Својот прв натпревар за сезоната го одиграл на 5 август 2012, играјќи ги сите 90 минути во поразот со 3-0 од Кјети во првото коло од Купот на Италија.[3] Својот прв гол за сезоната го постигнал на 9 септември, носејќи му бод на својот тим на гостувањето против Кремонезе со гол на седум минути пред крајот, во натпревар што завршил 1-1.[4] Сезоната ја завршил со вкупно 32 настапи и 12 гола.

Палермо[уреди | уреди извор]

На почетокот од следната сезона 2013-2014, Белоти одиграл само еден натпревар за Албинолефе (Албинолефе-Турис 4-1, во Купот на Италија), а на 2 септември, тој се преселил во Палермо на позајмица (за сума од 500.000 евра),[5] со право на откуп на половината од неговиот договор[6] за сума од 2,5 милиони евра.[7] Тоа било прва сезона за Палермо во Серија Б, откако во претходната сезона испаднале од Серија А каде се натпреварувале 9 сезони по ред. Белоти го направил своето деби за Сицилијанците на 24 септември 2013, влегувајќи како замена на местото на Давиде Ди Џенаро во натпреварот против Бари, и набргу асистирал при голот на Кајл Лаферти за ублажување на поразот од 2-1.[8] Својот прв гол во дресот на Палермо го постигнал во натпреварот одигран на 5 октомври против Бреша (1-1), помагајќи му на својот тим да дојде израмнување на резултатот. Својот прв старт за Росанеро го имал на 24 ноември во натпреварот Палермо-Латина (1-2) во 15-тото коло од сезоната; во следниот натпревар, пак, за прв пат како професионалец постигнал два гола на еден натпревар, придонесувајќи за многу важна победа над Новара (2-1). На 26 декември 2013 година, во текот на победа со 1-0 над Тернана, Белоти претпел повреда на аддукторните мускули,[9][10] враќајќи се на терен на 10 март 2014, во последните минути од натпреварот Јуве Стабија-Палермо (0-3), а на 22 март го постигнал победничкиот гол во натпреварот Пескара-Палермо (1-2). На 26 април 2014 повторно играл како стартер во натпреварот Латина-Палермо (1-3) во 36-тото коло од шампионатот, по точно четири месеци од последниот настап во почетните единаесет. На 3 мај 2014 година, со победата над Новара од 1-0 на гости, Палермо изборил промоција во Серија А. Белоти ја затворил сезоната со 24 лигашки настапи и 10 гола.

На 18 јуни 2014 година Палермо го користи своето право на откуп на половината од договорот на играчот[11][12] во замена за веќе договорените 2.500.000 €, плус добивање на опција за откуп на другата половина од договорот за 3,5 милиони евра.[7][5] Во пресрет на сезоната 2014-2015 го заменил бројот на дресот од 30 на 99 по совет на пријатели.[13] На 31 август 2014 година го напрвил своето деби во Серија А влегувајќи во 76-тата минута од натпреварот Палермо- Сампдорија (1-1) во првото коло од сезоната, на местото на Пауло Дибала.[14] На 12 септември, договорот на играчот е целосно откупен од Палермо.[15] На 24 септември, во натпреварот Наполи - Палермо (3-3) во четвртото коло од сезоната, играјќи за прв пат како стартер во најсилната италијанска лига, Белоти ги постигнал своите први два гола во својата кариера во Серија А. На 13 декември 2014 влегувајќи од клупата за резерви во 88-мата минута во натпреварот Палермо-Сасуоло го постигнал победничкиот гол во судиското продолжение поставувајќи ги конечните 2-1 и носејќи му победа на тимот од главниот град на Сицилија зголемувајќи ја серијата на клубот на 7 натпревари без пораз (што претставува израмнување на рекордот од сезоната 2009-2010 со Делио Роси на клупата). На 31 мај, 2015 година го забележал својот шести гол во сезоната во победата со 2-1 на гости против Рома (постигнат на само неколку секунди пред крајот) во последното коло од шампионатот.

Торино[уреди | уреди извор]

На 18 август, бил купен од екипата на Торино,[16] за сума од 7,5 милиони евра.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Откако одиграл шест натпревари за репрезентацијата под 19 (постигнал 2 гола) и 9 средби за репрезентацијата под 20 години (4 гола), на 14 август 2013 го направил своето деби за репрезентацијата под 21 година во победата со 4-1 на домашен терен во пријателски натпревар против Словачка. На 5 септември, Белоти играл во квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство под 21 година во 2015, во кој загубиле со 3-1 на домашен терен од Белгија. Белоти постигнал 4 гола во квалификациите и и помогнал на Италија да се пласира на завршниот турнир.

Тој бил избран да учествува на Европското првенство за играчи под 21 година - 2015 во Чешка, носејќи го дресот со број 9. Тој играл во сите три натпревари во групната фаза, постигнувајќи гол во третиот натпревар од групата, во кој Италија ја победила Англија со 3-1, меѓутоа биле елиминирани.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 31 мај 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2011-2012 Италија Албинолефе Б 8 2 КИ 0 0 - - - - - - 8 2
2012-2013 31 12 КИ+КИ-ЛП 1+0 0 - - - - - - 32 12
авг.-сеп. 2013 0 0 КИ+КИ-ЛП 1+0 0 - - - - - - 1 0
Вкупно Албинолефе 39 14 2 0 - - - - 41 14
сеп. 2013-2014 Италија Палермо Б 24 10 КИ - - - - - - - - 24 10
2014-2015 А 38 6 КИ 1 0 - - - - - - 39 6
Вкупно Палермо 62 16 1 0 - - - - 63 16
Вкупно во кариерата 101 30 3 0 - - - - 104 30

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Палермо[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.albinoleffe.com/component/campionato1112/?task=giocatore&giocatore=11381
  2. Il trofeo Dossena è dell'AlbinoLeffe!“, UC AlbinoLeffe, 16 јуни 2012 (посет. 17 септември 2012 г). (на Italian)
  3. AlbinoLeffe sconfitto all'esordio in Coppa Italia“, UC AlbinoLeffe, 6 август 2012 (посет. 11 февруари 2013 г). (на Italian)
  4. „Cremonese vs. AlbinoLeffe 1-1“. soccerway. 9 септември 2012. конс. 2 август 2015. 
  5. 5,0 5,1 Palermo-Belotti: le cifre del riscatto. Tutti i dettagli Palermo24.net
  6. Presi Belotti e Verre. Viviano in prestito all'Arsenal Palermocalcio.it
  7. 7,0 7,1 Belotti rosanero a metà. Per Kurtic si va alle buste Livesicilia.it
  8. Kappao al San Nicola. Il Palermo perde 2-1 Palermocalcio.it
  9. Palermo, Belotti: "Il mio infortunio è stato grave, farò di tutto per esserci contro il Bari" Tuttopalermo.net
  10. Palermo sorridi, torna Belotti Lagazzettapalermitana.it
  11. Acquistata la metà di Belotti Palermocalcio.it
  12. Il Palermo Calcio riscatta la compartecipazione di Andrea Belotti Albinoleffe.com
  13. „Vai Super Gallo!“, La Gazzetta dello Sport.
  14. Palermo-Samodoria 1-1 Palermocalcio.it
  15. Riscattata la seconda metà di Belotti. "Ringrazio la società per la fiducia" Palermocalcio.it
  16. Belotti al Toro Torinofc.it

Надворешни врски[уреди | уреди извор]