Андреа Барцалји

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Италија Андреа Барцалји
Real Madrid vs Juventus, 24 October 2013, Champions League - Andrea Barzagli (1).jpg
Лични податоци
Роден на 8 мај 1981 (1981-05-08) (воз. 36 г.)
Роден во Фјезоле, Италија
Висина &100000000000001860000001,86 м
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 15
Младинска кариера
Рондинела Рондинела
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998–2000 Рондинела Рондинела 51 (3)
2000 Пистоезе Пистоезе 5 (0)
2001 Рондинела Рондинела 13 (1)
2001-2003 Пјаченца Пјаченца 0 (0)
2001-2003 Асколи Асколи 46 (3)
2003-2004 Кјево Кјево 35 (13)
2004-2008 Палермо Палермо 142 (4)
2008-2011 Волфсбург Волфсбург 75 (1)
2011- Јувентус Јувентус 174 (2)
Репрезентација
2004- Италија Италија 68 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Андреа Барцалји (италијански: Andrea Barzagli; р. 8 мај 1981 во Фјезоле) е италијански фудбалер, играч од одбраната на Јувентус и на италијанската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Во сезоната 1998-1999 Барцалји го направил својот прв професионален настап во дресот на полу-професионалната екипа Рондинела Калчо од Фиренца, пред да се пресели во Серија Б во дресот на Пистоезе во сезоната 2000-01 со ко-сопственост меѓу двата клуба. Една година подоцна тој вратил во Рондинела во Серија Ц2. Тој потоа потпишал за Асколи во сезоната 2001-02 (како позајмен од Пјаченца, од Серија А во 2001-2003) и им помогнал да изборат промоција во Серија Б. Тој останал во Асколи за уште една година без понатамошен успех. Во јули 2003 година бил продаден од страна на Пјаченца во Кјево Верона, каде го направил своето деби во Серија А на возраст од 22 години на 31 август 2003, во натпреварот Бреша-Кјево 1-1. Следната сезона потпишал за Палермо, каде станал и капитен по заминувањето на Еугенио Корини, откако тој контроверзно ја напуштил екипата од Сицилија во летото 2007.

Волфсбург[уреди | уреди извор]

Во 2008 година, Барцалји бил во преговори со најголемиот клуб од неговата родна област, Фјорентина, и се очекувало да потпише договор со нив. На изненадување на сите договорот пропаднал, па наместо во Фиренца, Барцалји ја продолжи својата кариера во Германија, приклучувајќи му се на Волфсбург во Бундеслигата заедно со својот сонародник и тимски колега од Палермо, Кристијан Ѕакардо. По комплетирањето на трансферот одбрал да настапува со дресот број 43. Под водство на Феликс Магат, Волфсбург имал одлична екипа во сезоната 2008-2009, што се потврдило со освојувањето на Бундеслигата, за прв пат во клупската историја. Иако многумина сметале дека напаѓачите биле тие кој му ја донеле титулата на клубот откако Графите и Џеко постигнале 28 односно, 26 голови и биле на водечките две места на листата на стрелците, Барцалји ги одиграл сите минути и бил вистински столб во одбраната. Следната сезона клубот го напуштиле многу играчи, но Барцалји останал и го постигнал својот прв погодок во Бундеслигата против Хофенхајм на 4 април, 2010, во победата со 4-0. Во зимскиот преоден рок, на јануари 2011, Барцалји одлучил да се врати во Италија, откако Волфсбург ја прифатиле понудата на Јувентус од фиксни 300.000 € со можност за доплата од уште 300.000 €.

Јувентус[уреди | уреди извор]

Барцалји со Јувентус во 2012.

На 26 јануари 2011 година, Барцалји го комплетираше својот трансфер во Јувентус. Своето деби за својот нова екипа го имаше на 5-ти фебуруари 2011, кога ги одигра сите 90 минути во пар со Леонардо Бонучи на стоперските позиции на гостувањето кај Калјари. Јувентус го доби тој меч со 3-1. Од тој натпревар Барцалји речиси беше постојано во стартните единаесет на Луиџи Дел Нери. Но, сепак првата сезона во екипата помина разочарувачки како за него така и за целата екипа, Јувентус заврши дури на седмото место и неуспеа да избори ниту настап во евро-турнирите.

Следната сезона со доаѓањето на Антонио Конте на тренерската функција, во текот на летото било најавено дека Јувентус ќе игра во 4-4-2 формација, со Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи како стопери и дека нема да има место за Барцалји. Но наместо тоа, Конте ја променил формацијата во 3-5-2, вклучувајќи го и Барцалји во стартната постава заедно со претходно споменатите двајца играчи. Тој станал важна алка во екипата и бил еден од најкористените играчи на клубот, појавувајќи се на 35 од 38 натпревари во лигата од кој во 34 како стартер и пропуштил само 3 поради повреда. Добрите перформанси во текот на сезоната кулминирале со неговото враќање во репрезентацијата. На неколку кола пред крајот на сезоната 2011-2012 станал шампион на Италија со Јувентус, освојувајќи го своето прво скудето во кариерата. Во последното коло кога шампионот веќе бил познат, Барцалји го постигнал својот прв гол за Јувентус во последните минути од натпреварот против Аталанта, погодувајќи од пенал за водство од 3-1 што се испоставило и како конечен резултат на натпреварот. Тој исто така бил избран и во Тимот на годината во Серија А.

Првиот настап во сезоната 2012-2013, Барцалји го имал на 11 август во Пекинг, кога со својот тим го освојува Суперкупот на Италија, откако Јувентус по продолженија го совладал Наполи со 4-2.[1] На 28 април 2013 година, во градското дерби против Торино добиено со 2-0, го одбележил својот 100-ти настап за Јувентус.[2] На 5 мај, пристигнува освојувањето - на три кола пред крајот - на второто скудето по ред, благодарение на победата со 1-0 против Палермо.[3] Ја завршил сезоната со најмногу настапи досега, вкупно 48, исто колку и Леонардо Бонучи, од кои 34 во Серија А, четири во италијанскиот куп, 9 во Лигата на шампионите и еден во Суперкупот на Италија.[4]

Барцалји во 2013 против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Сезоната што следела ја отворил на 18 август 2013 година со освојувањето на неговиот втор Суперкуп на Италија, по победата на Јувентус со убедливи 4-0 над Лацио на Стадионот Олимпико во Рим.[5] На 4 мај, 2014 година ја освојува својата трета последователна титула во Серија А.

На 1 јули 2014 година, Светското првенство во Бразил го завршил прерано, и заминал за Финска каде бил подложен на операција за делумно отстранување на аголот на петата на десната нога, со прогноза дека ќе може да се врати на теренот за три месеци.[6] Тој се вртил во акција во февруари 2015 година играјќи во пријателски натпревар за Примавера тимот.[7] Својот прв настап во шампионатот го имал на 9 март, 2015 година во победа против Сасуоло, влегувајќи од клупата за резерви.[8] Веќе во следниот натпревар играл како стартер во победата против Палермо со 1-0.[9] На 2 мај 2015 го освојува своето четврто последователно скудето со Јувентус, после победата на бјанконерите над Сампдорија во Џенова со 1-0.[10] На 20 истиот месец за прв пат во кариерата го освојува Купот на Италија, после победата во финалето во Рим над Лацио со 2-1 по продолженија.[11] И за сам крај на сезоната 2014-2015, Барцалји го одиграл како стартер целиот натпревар против Барселона во финалето на Лигата на шампионите во Берлин, во кои каталонците победиле со 3-1.[12]

Сезоната 2015-2016 ја започнал освојувајќи го својот трет Суперкуп на Италија со победа над Лацио во Пекинг со 2-0. На 6 март 2016, го постигнал својот втор гол во дресот на Јувентус - прв од игра - во победата над Аталанта со 2-0 во Бергамо.

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Германија Волфсбург[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Италија Италија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Supercoppa alla Juve, Napoli battuto 4-2“, Ansa.it (конс. 11 август 2012 г). (на италијански)
  2. Gazzetta - Barzagli fa 100: numeri impressionanti“, Tuttojuve.com, 28 април. (на италијански)
  3. Рикардо Пратеси. „Juventus, scudetto bis: 1-0 sul Palermo. Conte sale ancora sul tetto della Serie A“, La Gazzetta dello Sport (конс. 6 мај 2013 г). (на италијански)
  4. Myjuve.it, уред. „Statistiche Stagione 2012/13 - Presenze“ (на италијански). http://www.myjuve.it/statistiche-stagione-2012-13-juventus/presenze-Pres-118.aspx. конс. 24 мај 2013 г. 
  5. Маурицио Ничита. „Supercoppa, Juventus super: 4-0 alla Lazio con gol di Pogba, Chiellini, Lichtsteiner e Tevez“, La Gazzetta dello Sport, 18 август 2013 (конс. 21 август 2013 г). (на италијански)
  6. Андреа Барцалји опериран во Финска Juventus.com
  7. Tuttosport, уред (12 февруари 2015). „Serie A, Barzagli torna in campo e tutta la Juve tifa per lui“. http://www.tuttosport.com/calcio/2015/02/12-321410/Serie+A,+Barzagli+torna+in+campo+e+tutta+la+Juve+tifa+per+lui. конс. 16 март 2015 г. 
  8. Алберто Мауро. „Barzagli è tornato: "Che bello l'applauso della gente: sogno un altro Mondiale"“. La Gazzetta dello Sport. http://www.gazzetta.it/Calcio/Serie-A/Juventus/12-03-2015/barzagli-tornato-che-bello-applauso-gente-sogno-altro-mondiale-11086746760.shtml. конс. 16 март 2015 г. 
  9. La Repubblica, уред (14 март 2015). „Juventus, Allegri: Una vittoria in meno verso lo scudetto, ma a Dortmund voglio due gol. http://www.repubblica.it/sport/calcio/serie-a/juventus/2015/03/14/news/juventus_allegri_una_vittoria_in_meno_verso_lo_scudetto_-109536010/. конс. 16 март 2015 г. 
  10. Fererico Sala. „Sampdoria-Juventus 0-1: Vidal porta il quarto scudetto consecutivo“. http://www.repubblica.it/sport/calcio/serie-a/2015/05/02/news/sampdoria-juventus_0-1_vidal_porta_il_quarto_scudetto_consecutivo-113393627/. 
  11. Jacopo Gerna (20 maggio 2015). „Juve infinita, vince la 10ª Coppa Italia: Matri piega la Lazio ai supplementari“. http://www.gazzetta.it/Calcio/Serie-A/Juventus/20-05-2015/juve-infinita-vince-10-coppa-italia-matri-piega-lazio-supplementari-110907305821.shtml. 
  12. „Peccato Juventus, la Champions è del Barcellona: finisce 1-3“. 6 giugno 2015. http://www.repubblica.it/sport/calcio/champions/2015/06/06/news/juventus_barcellona_formazioni-116238391/. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]