Андон Шурков
Андон Шурков | ||
Роден | Андон Шурков 1900 Велес, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 1938 СССР | |
Националност | Македонец | |
Познат | комунистички деец |
Андон Шурков-Орлов (Велес, 1900 — 1938) — македонски работник и комунист, жртва на Сталиновите чистки.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Се вклучува во комунистичкото движење во Велес. Во 1925 година растура леток испечатен од велешките комунисти во врска со убиството на Петар Чаулев. Полицијата дознава за тоа и Шурков, заедно со уште двајца свои сопартијци, бега преку грчката граница со план од Солун по морски пат да стигнат во СССР. Шурков е уапсен од грчката полиција и е затворен на некој грчки остров три месеци. Кога еден советски товарен брод доаѓа на тој остров, Шурков успева да се качи на него и да замине за СССР.
Во СССР доаѓа во втората половина на 1927 година. Го завршува Универзитетот за националните малцинства на Западот, по што е испратен како инструктор во Одеса и работи како функционер во синдикатот на пристанишните работници.
Осуден е на 16 ноември 1937 година, по што најверојатно е и стрелан.[2]
Посмртно е рехабилитиран со одлука на Воениот трибунал на Воениот суд во Одеса.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шутуркова“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1671. Text "series " ignored (help)
- ↑ „„Книга Памяти Жертв Коммунистического Террора"“. Архивирано од изворникот на 2013-12-19. Посетено на 2010-06-19.
Литература
[уреди | уреди извор]- Tодор Зографски и Димче Зографски „КПЈ и ВМРО (Обединета) во Вардарска Македонија во периодот 1920-1930”, ИНИ, Скопје, 1974, 122-123 стр.