Андон Грков
Андон Грков, познат и како Даскал Андон ( во Сачишта, Егејска Македонија — 1878 во Ваташа) — македонски просветен работник и учител, доселени во Ваташа.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Неговиот татко Мишо заедно со целото семејство поради теророт на познатиот турски насилник Али Паша Јанински се преселиле во Ваташа. Своите први чекори во образованието Андон ги направил во Ваташа, а негов прв учител бил Даскал Камче. Набргу и самиот станал учител во Ваташа, Кавадарци и Неготино каде учителствувал бил познат како Даскал Андон.[1]
По заминување во Битола на синот на Даскал Камче, Димитар Поп Ангелов, учителот Андон повторно се вратил во Ваташа, каде како учител работи скоро 45 години. За време на неговото учителствување е заслужен за изградба на големото ваташко училиште, бездруго најголемата училишна зграда во тој период во Македонија. Како учител се служел со старите училишни методи, а дисциплината ја спроведувал со помош на "фалагата" и останатите строги дисциплински санкции спрема учениците.[1] Во ова училиште учителствувале во тоа време најдобрите македонски учители, како Арсени Костенце, Андон Грков, Алексие Поп Стефанов, Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Туше Дели Иванов, Ѓорѓи Милетич и други.[2]
Во 1864 година учителот Андон бил заменет од страна на учителот Андон Костенцев од Штип. Андон умрел во Ваташа во 1878 година, како еден од првите и најпочитувани ваташки учители.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 407. ISBN 978-608-4621-04-1.
- ↑ info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „150 години од читалиштето во Ваташа. Кога учителите земале трипати повисока плата од колегите во Кавадарци“. fakulteti.mk. Посетено на 2024-06-20.