Англо-руска болница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед кон Англо-руската болница

Англо-руската болница била болница која се наоѓала во Петроград.Болницата била основана за време на Првата светска војна . Таа била наречена како „Подарокот на (британската) империја на нашите руски сојузници“ . Била основана во 1915 година и затворена во 1918 година.

Лејди Муриел Пагет и Лејди Сибил Греј се лицата кои помогнале да се соберат средства за да продолжи да работи болницата. Таа била сместена во денешната палата Белоселски-Белозерски биле поставени неколку теренски болници долж Источниот фронт . Пионерскиот неврохирург Џефри Џеферсон работел во оваа болница околу 18 месеци помеѓу 1916-1918 година. Болницата ја посетиле Царина Александра и нејзините ќерки, а на принцот Феликс Јусупов,во оваа болница му била извадена коска од риба од грлото неколку часа по убиството на Распутин . [1] Болницата се затворила по Октомвриската револуција и персоналот бил пренесен во Англија .

Користена литература[уреди | уреди извор]

  1. Harmer, Michael (1982). The Forgotten Hospital. Springwood Books. стр. 117.