Англиски парк (Ереван)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Англиски парк
Armenia - A Wedding (5034068397).jpg
Свадбена фотографија крај централната фонтана во Англискиот парк
Видјавен
МестоКентрон, Ереван, Ерменија
Координати40°10′27″N 44°30′29″E / 40.17417° СГШ; 44.50806° ИГД / 40.17417; 44.50806Координати: 40°10′27″N 44°30′29″E / 40.17417° СГШ; 44.50806° ИГД / 40.17417; 44.50806
Површина5.5 хектари
Создаден1860-ти
повторно отворање 3 октомври 1910
СтопанисувачГрадски совет на Ереван
Статусотворен е преку цела година

Англиски парк (ерменски: Անգլիական այգի, Angliakan aygi) е јавен парк во Ереван, Ерменија, кој се наоѓа на улица „Италија“. Паркот зафаќа површина од околу 5,5 хектари во централниот дел на областа, Кентрон, јужно од плоштадот „Република“.

Историја[уреди | уреди извор]

Англискиот парк е еден од најстарите паркови во градот Ереван, и датира од 1860 година. Тој често бил реконструиран до почетокот на Првата светска војна, а најголемо реновирање претрпел во 1910 година.[1] Во текот на 1920-те години, во Англискиот парк се одржал првиот фудбалски натпревар во современата историја на Ерменија, на кој играле тимовите на Ереван и Александропол.[2] За време на советската ера, паркот бил именуван во чест на 26 комесари од Баку, но ерменската влада по независноста го вратила првобитното име на паркот.

Државниот академски театар Сандукјан, француската амбасада во Ерменија, италијанската амбасада во Ерменија и хотелот „Бест Вестерн Конгрес“ се само некои од градбите кои се наоѓаат покрај овој паркот.[3]

Во 1976 година, во паркот бил подигнат споменик на Пепо, измислен лик кој го создал ерменскиот писател Габриел Сандукијан. Покрај овој споменик, централната фонтана претставува уште едно популарно место во паркот и е атрактивно место за свадбени фотографии.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]