Прејди на содржината

Ангел Србинов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ангел Србинов ( 1902 во Јаболци, Скопско1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно земјоделско семејство. Се занимавал со земјоделство, а кратко време бил и општ работник. Бил симпатизер на народноослободителното движење ѝ од 1943 година, активно се вклучил во борбата против окупаторот. Со формирањето на Четвртиот скопски партизански одред, во пролетта 1944 година исцело се ставил на располагање на одредот и го снабдувал со храна, облека и друго. Вршел и многу значајни курирски задачи. Неговата активност ја открила окупаторската бугарска фашистичка полиција и го затворила. По мачењето во затворот, бил стрелан од страна на Бугарската полиција. Посмртните останки му биле пренесени и закопани на гробиштата во родното село.[1]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 245. На |first= му недостасува |last= (help)