Ангел Андреев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ангел Андреев
Роден 23 април 1867
Рудари, Преспа, Егејска Македонија
Починал ?
Варна, Бугарија

Ангел Андреев (23 април 1867 - ?) — македонски револуционер, преспански војвода и член на Македонската револуционерна организација.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во 1867 година, во селото Рудари, Преспанско. Во 1902 година влегол во ревизионата чета на Тома Давидов, и со него заминал во внатрешноста на Македонија. На Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМОРО, бил назначен за војвода во Долна Преспа. Учествувал во Илинденското востание, и со четата имал повеќе судири со турската војска кај селото П’пли, Леринско, и кај планината Герман.

По завршувањето на востанието заминал за Бугарија и починал во Варна.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 10