Прејди на содржината

Ангеле Петрушевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ангеле Петрушевски
Роден 1912 година
Скопје, Косовски Вилает, Османлиско Царство
Починал октомври, 1944 година
Скопје, германска воена управа

Ангеле Младенов Петрушевски ( 1912 во Скопје 1944 во Горњане, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа изучил занает. Работел како шапкар. Бргу се вклучил во подготовките за оружено востание и во таа насока активно учествувал во собирањето на материјална и друга помош за партизаните. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Учествувал во сите борби на бригадата против балистичките сили, како и во ноќните акции против моторизирани германски колони во Качаничката Клисура. Во октомври 1944 година, во последните борби против балистите загинал над селото Горњане.[1]

  1. 1 2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 234. На |first= му недостасува |last= (help)