Прејди на содржината

Ангеле Каимов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ангеле Јорданов Каимов ( 1916 во Мирковци, Скопско16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно селско семејство. Основно училиште завршил во селото, а подоцна се занимавал со земјоделство. На 21 септември 1944 година по ослободувањето на Македонија, стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која заминал на Косово, со цел да се ликвидираат балистичките банди. Потоа заминал на север каде завршил тримесечна воено-политичка обука. На 12 април 1945 година учествувал во големиот пробив на Сремскиот фронт. Загинал во јуришот кај Врпоље, 16 април 1945 година. Бил закопан во градот, за чие ослободување го дал и својот живот.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 73. На |first= му недостасува |last= (help)