Ангеле Гашов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ангеле Гашов ( 1916 во Скопје1944 во Скопска Црна Гора) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште. Се вработил како општ работник. Есента 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, која била формирана во селото Кучевиште. Учествувал во сите битки на Бригадата што ги водел против балистичките банди на терените на Скопска Црна Гора и против моторизираните германски единици во Качаничката Клисура. Во октомври 1944 година, во една битка против балистите и Германците, храбро загинал на Скопска Црна Гора.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 182. На |first= му недостасува |last= (help)