Ана Ивановна

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ана Руска)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ана Ивановна
Louis Caravaque, Portrait of Empress Anna Ioannovna (1730).jpg
Роден 7 февруари 1693
Москва, Русија
Починал 28 октомври 1740
Русија

Ана Ивановна (руски: Анна Ивановна) била императорка на Русија во периодот од 1730 до 1740 година. Највлијателна фигура во нејзиниот дворец бил Ернст Јохан Бирон. При управувањето на Ана, Русија учествувала во Војната за полското наследство и Руско-турската војна од 1735-1739.

Прогласување за владетел[уреди | уреди извор]

По смртта на Петар II, Врховниот таен совет закажал седница во дворот за да расправа околу идниот владетел на земјата. Во тоа време тој се состоел од пет членови: Головин, Остерман, Алексеј Григоревич, Василиј Лукич Долгоруки и Димитриј Голицин, а биле повикани и маршалот Василиј Владимирович Долгоруки, Михаил Владимирович Долгоруки и Михаил Голицин. Алексеј Долгоруки го покажал тестаментот на Петар според кој тој престолот го предава на својата сопруга. Но Димитриј Голицин како кандидат ја претставил Ана Ивановна, ќерка на Иван V. Освен предлогот тој истовремено и поставил и услови според кои ќе се ограничи нејзината власт во корист на Врховниот таен совет. По мали дискусии, советот го прифатил неговиот предлог. Според предложените услови:

  • Ана доколку биде симната од престолот нема повторно да се омажи и на тој начин да го именува следниот владетел, на тој начин што изборот на следниот владетел ќе биде преку избори
  • Во текот на своето владеење бројот на советниците треба да биде осум членови, и без нивна дозвола таа нема да има моќ да објави војна ниту да склучи мир
  • нема да има право на воведување нови даноци, да конфискува имоти или да разделува државни имоти

Членовите на советот одлучиле овие реформи да се направат во што поголема тајност. Сепак нивната тајност многу брзо излегла меѓу народот. Како и да е, Ана го прифатила предлогот на Тајниот совет а заседанието се одржало во присуство на советот, синодот, сенатот во почетокот на февруари. Кон крајот на февруари Ана пристигнала во Москва каде со помош на Остерман започнал процесот за воспоставување на повторна автократија. Неговите агенти започнале да работат меѓу аристократите на тоа дека царицата треба да ги поништи условите кои претходно ги потпишала.

Смрт и наследување[уреди | уреди извор]

Ернст Јохан Бирон

Како што нејзиното здравје се влошувало Ана го прогласила нејзиниот внук, Иван VI, за нејзин наследник и го назначила Ернст Јохан Бирон за регент. Ова било обид да ја обезбеди лозата на нејзиниот татко, Иван V, и да ги исклучи потомците на Петар Велики од наследството на тронот.[1]

Ана починала на 17 октомври 1740 на 47 години од бубрежни камења што предизвикало бавна и болна смрт.[2] Последните зборови на царицата биле фокусирани на Бирон.[3] Иван VI имал само два месеци во тоа време, а неговата мајка, Ана Леополдовна, била омразена поради нејзините германски советници и врски. Како последица на тоа, кратко по смртта на Ана, Елисавета Петровна, легитимната ќерка на Петар Велики, успеала да ја придобие наклонетоста на народот, го затворила Иван VI, и ја протерала неговата мајка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bain 1911, стр. 69.
  2. Curtiss 1974, стр. 288.
  3. Curtiss 1974, стр. 289.
  • Предлошка:Cite EB9
  •  Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостBain, Robert Nisbet (1911). „Anne, Empress of Russia“ . Во Chisholm, Hugh (уред.). Енциклопедија Британика. 2 (изд. XI.). Cambridge University Press. стр. 68–69.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Curtiss, Mini (1974), A Forgotten Empress: Anna Ivanovna and Her Era., New York: Frederick Unga Publishing Company
  • Lipski, Alexander (1950), „Some Aspects of Westernization during the Reign of Anna Ioannovna, 1730–1740“, American Slavic and East European Review (1): 1–11
  • Lipski, Alexander (1956), „A Re-Examination of the "Dark Era" of Anna Ioanovna“, American Slavic and East European Review, 15 (4): 488, doi:10.2307/3001306, JSTOR 3001306
  • Lipski, Alexander (1959), „Some Aspects of Russia's Westernization during the Reign of Anna Ioannovna, 1703–1740“, American Slavic and East European Review, 18 (1): 2–5, doi:10.2307/3001041, JSTOR 3001041
  • Longworth, Philip (1972), The Three Empresses: Catherine I, Anna and Elizabeth of Russia, New York: Holt, Rinehart and Winston
  • Moss, Walter (1997), A History of Russia, 1, Boston: McGraw-Hill
  • Tucker, Spencer C. (2010), A Global Chronology of Conflict: From the Ancient World to the Modern Middle East, 2, ABC-CLIO, стр. 729
Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДимитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Димитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I Coat of Arms of Moscow.svg
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II Flag of the Russian Empire (black-yellow-white).svg
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов Flag of the Soviet Union.svg
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Димитриј Медведев • Владимир Путин Flag of Russia.svg